Наслов на наставниот предмет | Анализа на временски серии |
Код | MST 310 |
Професор | Проф. д-р Марија Трпкова-Несторовска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да ги дефинираат и препознаат временските серии и нивни основни карактеристики;
- Да развиваат модели на декомпозиција на временски серии;
- Да креираат модели на експоненцијално порамнување;
- Да го разберат поимот стационарност на временските серии, процесите на бел шум, процесите на случаен од со и без насока, како и користење на тестови на единечен корен и толкување на корелограм;
- Да го применат Бокс-Џенкинсовиот модел на градење на ARIMA модели и креирање на сезонски ARIMA модели;
- Да пристапат до домашни и меѓународни бази на податоци, да извлечат временски серии и истите да ги подложат на понатамошна анализа и моделирање со цел опишување и превидување на набљудуваната појава;
- Да работат со софтвери за анализа на податоци, односно напредно моделирање со Microsoft Excel, како и работа со статистичките софтвери Minitab и Eviews.
Содржина на предметната програма:
Анализата на временските серии е една од основните алатки што им стојат на располагање на економистите за испитување и донесување на заклучоци за проблеми од областа на економијата. Предметот настојува да ги оспособи студентите да изведуваат емпириски анализи од областите на бизнисот и економијата со користење на временски серии. Студентите се здобиваат со теориски знаења за моделите на временски серии, додека пак предавањата се изведуваат во лабораторија со активно користење на статистичките софтвери Minitab и Eviews. Примерите кои се анализираат во учебникот се реални временски серии од бизнисот и економијата во Република Северна Македонија, но истите се прошируваат и на актуелните трендови во соседните земји, земјите од Европската Унија и на глобално ниво. Содржина на предметот ги опфаќа следните поглавја:
- Вовед
- Декомпозиција на временските серии
- Експоненцијално порамнување
- Временски серии и стохастичките процеси
- Авторегресивни интегрирани модели на подвижни средини