Наслов на наставниот предмет | Бизнис етика |
Код | CFM 517 |
Професор | Проф. д-р. Леонид Наков |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на методолошката и емпириска настава, студентите треба да бидат способни да:
- Ги осознаат финансиските етичките теории, дилеми и пристапи, критички да се оспособат за подготвување и донесување на етични финансиски одлуки,
- Ги откријат елементите на финансиската етика и етичките дилеми со кои се судрува менаџментот во деловното одлучување,
- Се оспособат за методологијата за анализа на степенот на етичност на финансиските субјекти, низ примена на меѓународните стандарди на бизнис етиката, особено од ЕЅ, Белика Британија и САД,
- Ги разграничуваат менаџерската од деловната етика, особено во различните фази на процесот на управување со етичкото однесување,
- Ги разберат кодексот на етика и етичките стандарди во финансискиот сектор, со цел нивно јасно разграничување од легислативната рамка и профитни тенденции на процесот на одлучување,
- Ги идентификуваат обврските на менаџерите во финансискиот сектор во однос на нивната општествена одговорност, според прифатениот концепт на таа одговорност,
- Ги согледувааат и вреднуваат современите етични перспективи во деловното однесување на финансиските институции, како и етичките истражувачки иновации (транспарентност, обелоденување, поткуп/изнудување, идентитет, интегритет вкрстена етичка аналитичка рамка).
Содржина на предметната програма:
- Карактер и елементи на финансиската етика
- Етичко однесување и управување со етичкото однесување во финансискиот сектор
- Етичка методологија во финансиските институции
- Менаџирање со финансиското етичко однесување
- Содржина на етичките промени во финансискиот менаџмент
- Етиката и општествената одговорност со финансиските институции
- Кодекс на етика во современиот финансиски менаџмент
- Современи перспективи и иновации на финансиската етика