Бизнис информациски системи

Наслов на наставниот предмет Бизнис информациски системи
Код EBU560
Професор Проф. д-р Сашо Јосимовски
Предуслови за запишување на предметот Нема

Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • ги разберат и применат методите на развој и на дизајнирање на информациските системи;
  • разберат како информациските системи и технологии ги поддржуваат стратегиските цели на компаниите;
  • го разберат влијанието на информациските технологии на изборот на бизнис моделот на
    претпријатието и на развојот на информациските системи;
  • ги разберат стратегиите за менаџмент со ИТ проекти;
  • ги разберат техниките на процесно моделирање од аспект на развој на информациските системи;
  • ги разберат напредните концепти на организација на податоци и нивното менаџирање.

Содржина на предметната програма:

  • Воведување и компоненти на информациските системи;
  • Информациски системи и технологии за креирање на стратегиска предност;
  • Модели и методи на развој на информациските системи;
  • Развој на информациските системи преку техниките на процесно моделирање;
  • Менаџмент со ИТ проекти;
  • Организација на податоци и нивно менаџирање.

Бизнис информациски системи