Наслов на наставниот предмет | Бизнис комуникации |
Код | MGT 430 |
Професор | Вонреден професор Никола Левков |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- да подготват и да држат ефективни бизнис презентации и јавни говори
- за ефективно слушање и меѓусебно разбирање во бизнис работење
- да ги користат различните комуникациски стилови за остварување на успех во бизнисот
- да избегнат вербална агресија и креирање конфликти во комуникацијата
- да ја применуваат трансакционата анализа во комуникацијата
- да организираат и водат бизнис-состаноци
- да комуницираат ефективно по телефон
- за пишување на неутрални, позитивни и негативни бизнис пораки
- за ефективно преговарање и склучување на договори
- за употреба на дигиталните алатки во бизнис комуникацијата
Содржина на предметната програма:
- Улога, значење и опфат на деловното комуницирање
- Модели и стилови на комуникација
- Трансакциона анализа во комуникацијата
- Ефективно јавно говорење и бизнис презентирање
- Унапредување на вештините за слушање
- Ефективна комуникација преку телефон
- Стратегии за активно барање на работа
- Пишувана комуникација во бизнисот
- Невербална комуникација
- Крос-културална комуникација
- Водење на состаноци
- Улогата на информациската технологија во комуникацијата
- Стратегии за преговарање и склучување на договори