Бизнис логистика

Наслов на наставниот предметБизнис логистика
Код EBU 320
ПрофесорПроф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Бизнис логистика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување и со специфични вештини за примена на овие знаења во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување;
  • да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;
  • да ги искористат потенцијалите на информациските системи за дигитализација на синџирот на снабдување;
  • да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката;
  • да ги познаваат и применат методите на управување со залихите.

Содржина на предметната програма: Основната поставеност на предметот Бизнис логистика говори за неговата ориентираност кон управувањето со синџирот на снабдување. Во него се опфатени содржини кои се фокусирани кон унапредување на мноштвото аспекти на синџирот на снабдување т.е.: е-трговија во поглед на набавката, интерните комуникации, односите помеѓу инволвираните страни, како и е-тровијата во поглед на продажбата. Предметот Бизнис логистика претставува симбиоза на електронското снабдување, како и електронската продажба и главниот фокус е ставен на дигитална трансформација на синџирот на снабдување. Предметот Бизнис логистика се концентрира на развојот на потребните компетенции, како збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со синџирот на снабдување, како што се:

  • поим за логистика/синџирот на снабдување;
  • стратегија и планирање на логистиката/синџирот на снабдување;
  • производи и услуги кои им се нудат на потрошувачите;
  • обработка на порачки; информациски систем;
  • методи на предвидување; управување со залихи;
  • управување со набавки;
  • управување со транспорт;
  • управување со складирање;
  • управување со производство;
  • влијание на електронскиот бизнис врз менаџментот на синџирот на снабдување;
  • современи трендови во логистиката, дигитална трансформација на синџирот на снабдување.

Бизнис логистика – предметна програма 2022/23