Бихевиористичка економија (Економија и психологија)

Наслов на наставниот предметБихевиористичка економија (Економија и психологија)
КодECN 270
ПрофесорПроф. Д-р Љубомир Кекеновски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Со изучување на овој предмет, студентите стекнуваат знаења и способности:

Да ги антиципираат емоционаланите, општествените и когнитивните фактори на економското однесување на граѓаните/потрошувачите.
Да разјаснат дека освен рационланите причини кои ги протежира класичната економија, со бихејвиоралната економија стануваат појасни причините за девијациите од рационалното однесување на потрошувачите.
Да стекнат увид во причините за ограничената само контрола во донесувањето на одлуки, кои се повеќе базирани на емоционални мотиви, социјални преференции и вредности.
Поцелосно да го разбираат однесувањето на потрошувачите на пазарот, со правење на спој меѓу економијата и психологијата, со што се појаснуваат мотивите и желбите на потрошувачите

Содржина на предметната програма:

Прв дел: Вовед

  1. Историја и дефинирање на Бихејвиористичката економија
  2. Бихејвиористичката економија и стандардниот економски модел
  3. Економски и психолошки методи
  4. Процес на рационализација

Втор дел: Вредности , преференции, избори и економско однесување

  1. Хеуристичко однесување.
  2. Избор во услови на ризик.
  3. Индивидуално однесување и интеракции со другите.
  4. Теорија на игри
  5. Ментално сметководство/пресметување (Mental Accounting)

Трет дел: Методолошки аспекти

  1. Експериментална економија
  2. Политики засновани на докази (Evidence-Based Policies)

Четврти дел: Потеклото на однесувањето:

  1. Еволуција и култура
  2. Правичноста и општествените преференции.
  3. Невроекономија
  4. Среќа и корисност
  5. Бихејвиористичката економија и поттуркувањата (Behavioral Economics and Nudge)

Заклучок

  1. Причини и последици од рационалноста и ирационалноста
  2. Иднината на Бихејвиористичката економија

Бихевиористичка економија(Економија и психологија) – предметна програма 2022/23