Бихевиористички финансии

Наслов на наставниот предметБихевиористички финансии
Код FIN 330
ПрофесорПроф. д-р Кирил Јовановски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Последните неколку декади, финансиските теории се базираа на теоријата за ефикасни пазари. Притоа, клучната претпоставка на финансиските модели е рационалното однесување на инвеститорите и другите агенти. Меѓутоа, во реалноста оваа претпоставка многу често не се исполнува. Пазарите најчесто се неефикасни. Промени во временската прогноза или престојните годишни одмори може да го променат однесувањето на инвеститорите и да влијаат врз нивните одлуки. Дополнително, секоја инвестициска одлука зависи од претходните. Всушност ние не живееме во вакум. Промените во однесувањето на носителите на инвестициски одлуки привлекуваат внимание кај академијата и кај светот на инвеститорите последните триесет години. Клучното прашање е дали овие отстапувања од рационалното однесување имаат значајно влијание врз проценките на пазарите и инвестициските одлуки. Емпириските тестови покажуваат дека ограничувањата во однесувањето може значајно да влијаат и на класичните модели за вреднување. Основните цели на предметот е да понуди разбирање за разликите на класичната финансиска теорија и бихевиористичките финансии. Поконкретно, предметот е фокусиран на специфичните карактеристики на процесот на донесување на одлуките кои не се целосно ефикасни. Студентите ќе се стекнат со знаења како всушност индивидуалните инвеститори носат одлуки, а ќе добијат и насоки како да го подобрат тој процес за нив и другите. По изучувањето на предметот, студентите ќе може да:

  • го објаснат концептот на ограничена рационалност,
  • ги разбираат основните претпоставки и идеи на теоријата на перспективи,
  • ги знаат теоретските и емпириските основи и предизвици на хипотезите за ефикасни пазари,
  • ги препознаваат клучните инвеститорски ограничувања на индивидуалните и професионалните инвеститори,
  • ги знаат клучните аномалии на пазарите од каде произлегуваат и ограничувањата на однесувањето,
  • објаснат како процесот на ограничувањата во однесувањето, влијаат врз моделите за вреднување на средствата, и
  • објаснат како ограничувањата во однесувањето влијаат врз процесот на носење на одлуки кај корпорациите.

Содржина на предметната програма:

  • Прекумерна самодоверба
  • Препознавање
  • Всидрување и прилагодување
  • Достапност
  • Приклонување
  • Илузија за контролата
  • Самоконтрола
  • Ментално сметководство
  • Разбирање на однесувањето на индивидуалните инвеститори
  • Ефектите на бихеиористичките пречки врз конструкцијата на портфолиото
  • Аномалии на финансиските пазари

Бихевиористички финансии – предметна програма 2022/23