Внатрешен пазар на ЕУ

Наслов на наставниот предметВнатрешен пазар на ЕУ
Код INT 320
ПрофесорПроф. д-р Елена Макревска Дисоска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ги разбираат карактеристиките и функционирањето на заедничкиот пазар на ЕУ;
  • да ги препознаваат мерките, што креираат бариера во обезбедување на слободно движење на стоките во ЕУ;
  • да ја разберат специфичноста на сферата на слободното движење на услугите и капиталот;
  • да прават разлика меѓу слободното движење на работната сила и слободното движење на физички лица на Внатрешниот пазар на ЕУ;
  • да ја согледааат примената на принципот на недискриминација и потребата од користење на исклучоци од општите правила за зачувување на интегритетот и спецификите на одредена слобода од јавен национален интерес со едновремено обезёбедување целосно функционирање на правилата на Внатрешниот пазар на ЕУ.

Содржина на предметната програма:

Предметот има за задача јасно да го прикаже функционирањето на Внатрешниот пазар на ЕУ преку четирите економски слободи: слободното движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила. Секоја од четирите слободи е заснована на одделна правна регулатива што проникнала врз основа на правните случаи од практиката на Европскиот суд на правда. Со оглед на нивната специфичност и засебноста на правните извори, секоја од одделните законски рамки врз кои се заснова слободното движење на стоки, услуги, капитал и на работна сила се разгледува одделно, за на крај да се стекне вистинска слика за сложеноста на системот и на неговите носители во рамките на Европската унија.

Внатрешен пазар на ЕУ – предметна програма 2022/23