Вовед во економија на животната средина

Наслов на наставниот предметВовед во економија на животната средина
КодECN 120
ПрофесорПроф. д-р Пеце Недановски
Проф. д-р Борче Треновски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положување на испитот, студентите треба да бидат способни:

  • да ги познаваат стандардните микроекономски концепти и пристапи: Паретооптималност, екстерни ефекти, подготвеност да се плати, подготвеност да се прифати, трансакциони трошоци итн. и тоа од аспект на нивната примена кај проблемите на загадување на животната средина;
  • да ги анализираат одделните проблеми со загадување на животната средина и нивните консеквенции врз економските субјекти и националната економија;
  • да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските инструменти во политиката на заштита на животната средина;
  • да ја познаваат и критички да ја оценат системската поставеност и начинот на водење на политиката на заштита на животната средина во Македонија.

Содржина на предметната програма:

  • Животната средина и економската наука: теоретски основи
  • Загадувањето на животната средина како економски проблем: рамка, диспаритети, благосостојба
  • Управување со квалитетот на животната средина: теорија, вреднувања, динамика
  • Политика на заштита на животната средина: пристапи, дилеми, инструменти
  • Глобални проблеми со квалитетот на животната средина
  • Заштита на животната средина во одделни земји: меѓународни искуства
  • Заштита на животната средина во Македонија

Вовед во економија на животната средина – предметна програма 2022/23