Втор циклус – КОНКУРС за упис на нови студенти во учебната 2023/2024

  1. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ
Рок за пријавување и запишувањеПрв уписен рокВтор уписен рок
Пријавување на кандидатите213 октомври 20235 –16 февруари  2024
Запишување на кандидатите16-17 октомври 202320– 21февруари 2024
СТУДИСКИ ПРОГРАМИБрој на студентиТраење на студиите во семестриШколарина (во евра)
ФАКУЛТЕТИ   
Економски факултет(бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В)4252/42000/2500/3000
Едногодишни студии41022000
Сметководство и ревизија40 2000
Економски развој и меѓународни финансии40 2000
Master of Business Administration (MBA) in Strategic Human ResourceManagement50 2500
Е-бизнис менаџмент30 2000
МБА менаџмент40 2000
Монетарна економија, финансии и банкарство50 2000
Менаџмент во осигурувањето40 2000
Статистички методи за бизнис и економија25 2000
Управување со јавниот сектор40 2000
Корпоративен финансиски менаџмент40 2000
Европски економски студии20 2000
Маркетинг30 2000
Двогодишни студии1543000
E-бизнис менаџмент15  

Економскиот Факултет – Скопје организира онлајн настан – Отворен информативен ден за постдипломски студии, кој ќе претставува можност за секој од заинтересираните кандидати да добие дополнителни информации и подетално да се запознае со програмата на секој од студиумите на постдипломските студии. Отворениот ден ќе се одржи на 10.10.2023 година-вторник, со следниот распоред:

Отворен ден за постдипломските студии ќе може да се следи на  следниот линк https://meet.google.com/ysi-egeh-jfa 

  1. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавените кандидати задолжително да ги достават документите во службата за втор циклус. Со поднесување на документите во службата, се смета дека кандидатот успешно аплицирал за упис на втор циклус на студии.

Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување(образец А1 од книжара);
  • електронска пријава (од http://www.upisi.ukim.mk );
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • копија од извод од матична книга на родени
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50:
Поле Вредност
Назив на примачот Трезорска сметка-Скопје
Банка на примачот НБРСМ
Сметка 100000000063095
Уплатна сметка 840-ХХХ-03161
Конто 722313 00)
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Со почит,

Економски Факултет- Скопје

Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Пребарај

  • Категорија


  • Тагови