Наслов на наставниот предмет | Големи податоци и корисничко искуство |
Код | EBU570 |
Професор | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- да ги разберат концептите и појавата на големите податоци;
- да ја разберат практичната потреба од анализата на големите податоци;
- да го разберат пресудното значење на корисничкото искуство во успехот на било кој дигитален производ;
- да го разберат практичниот процес на дизајнирање на корисничкото искуство;
- да ги разберат и применуваат корисничките тестови и техниките на корисничкото искуство;
- да разберат како големите податоци можат да го подобрат дизајнот на корисничкото искуство.
Содржина на предметната програма:
- Создавање на големите податоци во е-бизнисот.
- Карактеристики на големите податоци.
- Создавање на додадена вредност од анализата на големите податоци.
- Спроведување на квантитативни истражувања за откривање на нови шаблони, трендови и решенија во големите податоци.
- Кориснички тестови.
- Спроведување на кориснички тестови низ развојот на дигиталниот производ.
- Истражувачки техники на корисничко искуство.
- Планирање на техниките на корисничко искуство.
- Имплементирање на резултатите од анализата на големите податоци во дизајнот на корисничко искуство.
- За совладување на предметната материја, предвидено и обезбедено е користење на специјално опремена компјутерска лабараторија.
Големи податоци и корисничко искуство – предметна програма 2022/2023