Деловен англиски јазик

Наслов на наставниот предметДеловен англиски јазик
КодINT 120
ПрофесорПроф. д-р Билјана Наумоска-Саракинска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Студентите ќе стекнат знаења од сферата на деловниот англиски јазик, како и деловната англиска комуникација и кореспонденција, кои ќе им служат и понатаму во животот, без оглед на нивната понатамошна професионална определба. Вокабуларот и граматичките конструкции што ќе се обработуваат, се разгледуваат и увежбуваат во деловен англиски контекст.

Содржина на предметната програма:

За време на часовите се покриваат разновидни теми и вокабулар во контекст на деловниот англиски јазик – маркетинг, односи со јавноста, (меѓународни) финансиски институции, меѓународна трговија, банкарство, сметководство и ревизија, итн.; деловен бонтон; техники и стратегии за успешни деловни презентации; преговарање – вештини, техники, стратегии; деловна кореспонденција – пишување деловни писма, е-пошта, и меморандуми. Во текот на семестарот, освен редовните задачи и дискусиите што ќе се составен дел од часовите, студентите ќе треба да подготват и јавно да презентираат PPT презентација поврзана со некоја од темите кои се обработуваат.

Деловен англиски јазик – предметна програма 2022/23