Наслов на наставниот предмет | Демографија |
Код | MST 240 |
Професор | Проф. д-р Марија Трпкова-Несторовска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
Да го дефинираат поимот демографија, да ги разберат основните елементи во демографијата како што се единици, брак, семејство и домаќинство, да ги знаат изворите на податоци за населението;
Да се запознаат со промените на населението со посебен акцент на демографската транзиција;
Да ги идентификуваат концептите на популациски пораст и опаѓање и примена на математичките модели на раст во кои спаѓаат аритметичкиот, геометрискиот, експоненцијалниот и логистичкиот модел. Да спроведат анализа на растатот со утврдени демографски индикатори;
Да ги дефинираат виталните процеси на населението, наталитетот, морталитетот и фертилитетот со преку нивните елементарни индикатори. Да ги знаат детерминантите и карактеристиките на наведените процеси, како и нивното влијание врз економијата и општеството;
Да ги препознаваат миграционите процеси, основните индикатори за нивно мерење, типологијата, селективноста и детерминантите на миграциите;
Да ги знаат основните демографски, економски и останати структури на населението;
Да бидат способни да спроведуваат и толкуваат проекции на популацијата со користење на експоненцијалниот, логистичкиот и аналитичкиот метод;
Да го разберат поимот на популациона политика, нејзините видови, карактеристики, цели, реализација и успешност при спроведување кај различни нации од светот. Запознавање со ситуацијата на популационата политика во Република Северна Македонија.
Содржина на предметната програма:
Преку наставната содржина на предметот ќе се настојува да им се помогне на студентите во подоброто спознавање на сите прашања и проблеми поврзани со населението (популацијата) како што се природното движење (наталитет и морталитет), миграциите, структурата, проекциите на популацијата на земјата и популационата политика. На тој начин студентите ќе добијат јасна претстава за значењето на населението преку неговата дихотомна функција (производна и потрошувачка). Истовремено тие ќе можат подобро да 53 Наставна програма 2022-2023 го разберат демографскиот развој и неговата поврзаност и присутноста на повратна спрега со економскиот развој на една земја или регион.
Содржина на предметот ги опфаќа следните поглавја:
- Вовед
- Населението и неговите промени
- Популациски пораст и опаѓање
- Витални процеси
- Миграциони процеси
- Структура на населението
- Проекции на популацијата
- Популациона политика