Наслов на наставниот предмет | Дигитален маркетинг |
Код | EBU 220 |
Професор | Проф. д-р Димитар Јовевски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- Да користат интернет маркетинг стратегиите и алатките во секојдневното работење на компаниите;
- Познавање за како самите да креираат комплетна интернет маркетинг кампања во виртуелниот простор;
- Разбирање на тоа како купувачот ги користи информациите од интернет и како донесува одлука за купување;
- Разбирање за местото и улогата на интернет маркетинг комуникациите во планот на маркетинг;
- Користење на современи алатки и форми при донесување на оперативни и тактички одлуки во врска со интернет маркетингот;
- Целосна приемена на техники на интернет маркетинг комуникацијата за креирање на содржина.
- Целосна приемена на техники на интернет маркетинг огласување.
Содржина на предметната програма:
Примената и користењето на интернетот во остварување на маркетинг целите кај претпријатијта како и развојот на поголемите системи добива се позначајно место во целитот процес на работење и промовирање на претпријатијата. Оттука, изучувањето на оваа дисциплина како дел од наставата на студиите од областа на бизнисот е неопходност, со цел на студентите да им се дадат потребните знаења и вештини за нивната успешна партиципација во маркетинг тимовите, како учесници или маркетинг менаџери.