Наслов на наставниот предмет | Дигитални иновации |
Код | EBU 240 |
Професор | Вонреден професор Мијалче Санта |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- врз основа на претпријатието и окружувањето студентите ќе знаат да одредат најсоодветен тип на дигитални иноваци за развој и имплементација
- студентите ќе може да препознаат и изберат соодветни активности за развој, реализација и комерцијализација на дигитални иновации во претпријатијата и од претпријатието во зависност од контекстот во кој работат
- студентите ќе може да одредат и предложат практични техники за надминување на отпорот кон промени и воведување на иновации во претпријатијата
Содржина на предметната програма:
Овој предмет е специјално направен за да ги подготви студентите за воведување на дигитални иновации и промени во претпријатијата. Во високо динамичната средина во која е потребно да се управуваат организациите, студентите треба да знаат и да бидат способни постојано да иновираат, да ја менуваат и прилагодуваат организацијата за да може да создаваат дигитални иновации кои ја подобруваат конкурентноста на претпријатијата. Овој курикулум создава цврста основа за како студентите да воведуваат иновации и како да ја осигураат конкурентноста на претпријатијата. Сето ова се остварува преку интерактивни предавања, работа на реални решенија и споделување на искуства од бизнис заедницата.