Дизајнирање на бизнис процеси

Наслов на наставниот предмет Дизајнирање на бизнис процеси
Код EBU510
Професор Проф. д-р Калина Треневска Благоева
Проф. д-р Марина Мијоска
Предуслови за запишување на предметот Нема

Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да ја разберат архитектурата на бизнис процесите;
  • да ги разберат методологиите за подобрување и редизајнирање на бизнис процесите;
  • да ги дефинираат основните концепти и техники на дијаграми кои се користат за моделирање на организациите, процесите и активностите;
  • да бидат запознаени со автоматизацијата на бизнис процесите и апликациите и техниките кои ги подржуваат.

Содржина на предметната програма:

  • објаснување на потребата за процесен пристап наспроти функционален пристап при
    организирањето на бизнис активностите на организациите;
  • дефинирање на бизнис стратегија, вредносна верига, стартешките теми на Портер и концептот на Treacy и Wiersema, објаснување на критериуми за приоритизација на бизнис процесни промени;
  • процесна архитектура и процесен менаџмент на организациите – ниво на претпријатие;
  • опишување на процеси преку дијаграми и типови на дијаграми- БПМН;
  • менаџирање и моделирање на бизнис процеси;
  • разработка на BPTrends методологијата на ниво на претпријатие и за редизајнирање на бизнис процесите

Дизајнирање на бизнис процеси – предметна програма 2022/2023