Наслов на наставниот предмет | Европски економски интеграции |
Код | EUS 512 |
Професор | Проф. д-р Елена Макревска Дисоска Проф. д-р Ирена Кикеркова |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за регионалното економско интегрирање и посебно за фазите на европската економска интеграција. Натаму, објаснувајќи ги во детали политиките на европската економска интеграција целта е да се претстават можностите и перспективите на ЕУ, посебно после излезот на Велика Британија, апсолвирајќи ги воедно и институционални промени во Унијата после усвојувањето на ревидираниот Лисабонски Договор.
Содржина на предметната програма:
- Теоретски аспекти на регионалното економско интегрирање;
- Зачетоци на економското и политичкото интегрирање во Европа:
- Од Европска економска заедница до Европска унија (меѓувладини конференции и оснoвачки
договори); - Фази на европската економска интеграција (царинска унија, заеднички пазар, економска и монетарна унија);
- Политики на европска економска интеграција (функционални и секторски политики; интерни и екстерни политики);
- Надворешна димензија на ЕУ (ЕУ – глобален трговски актер, Заедничка надворешна и безбедносна политика);
- Институционални промени (продлабочување и проширување на ЕУ);
- Перспективи на ЕУ после излезот на Велика Британија.
Европски економски интеграции – предметна програма 2022/2023