Цел на програмата
Да обезбеди продлабочени знаења од европските економски студии и практични вештини за нивна примена. Наставата ги покрива теоријата и инструментите за реална политика.
Контекст и значење
Република Северна Македонија е земја-кандидат за ЕУ од 2005 г. Исполнувањето на Копенхагенските критериуми бара: функционална пазарна економија, способност за конкуренција на внатрешниот пазар и административна усогласеност со системите на ЕУ. Процесот подразбира широки општествени реформи, поддржани со претпристапни инструменти и фондови. Отпочнувањето на преговорите бара висока институционална подготвеност и ефикасна координација.
Што ќе стекнат студентите
- Длабоко разбирање на процесите на регионална интеграција.
- Анализа и интерпретација на заедничките политики на ЕУ.
- Проценка на неопходните реформски чекори за членство.
- Препознавање можности за зголемување на конкурентноста на домашните компании на Внатрешниот пазар на ЕУ.
Исходи од учење (знаења и компетенции)
По завршување, магистрантите ќе можат да анализираат и оценуваат:
- стратегии и политики на ЕУ;
- монетарна и фискална политика и нивна координација;
- право и институции на ЕУ и хармонизација со националната регулатива;
- политики на пазарот на труд и социјални политики;
- политики за заштита на конкуренцијата;
- економски ефекти од дигитализацијата;
- политики за заштита на животната средина и нивно усогласување.
Структура и област
Програмата е рамкирана во пошироката област „Меѓународни економски односи“ и ги поврзува теоретските аспекти со практични анализи и примери.
Кариерни можности
- Јавен сектор: Влада (Секретаријат за европски прашања), министерства (финансии, економија, социјална политика, екологија), НБРСМ и др.
- Приватен сектор: банки и финансиски институции, компании од различни сектори, високообразовни и научно-истражувачки институции, НВО.
Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | К | ||||
Задолжителни предмети | |||||
EUS 512 | Европски економски интеграции | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 514 | Право и институции на ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 515 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Прв | 24 | 16 | 6 | |
EUS 518 | Кохезиона политика на ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Mагистерски труд | Mагистерски труд | 18 | |||
Изборни предмети | |||||
EUS 511 | Политика за заштита на конкуренцијата во ЕУ | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS520 | Странските директни инвестиции и глобалните синџири навредноста | Прв | 24 | 16 | 6 |
EUS 516 | Внатрешен пазар на ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 517 | Европско бизнис окружување | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 513 | Регионални трговски договори и СТО | Втор | 24 | 16 | 6 |
EUS 519 | Политики и програми на дигитализација во ЕУ | Втор | 24 | 16 | 6 |