Економетрија

Наслов на наставниот предметЕконометрија
Код ECN 330
ПрофесорПроф. д-р Весна Буцевска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ги познаваат работите кои произлегуваат од формулирањето, оценката и користењето на економските модели;
  • да ги конструираат податоците, формулираат економетриски модел и да ги оценат парамтерите на тој модел;
  • да го подложат моделот на верификација преку тестирање и да ги толкуваат резултатите на економетриска рамка;
  • да го користат оценетиот модел за тестирање на економската теорија која лежи во основа на тој модел;
  • да ја предвидуваат идната економска активност врз база на оценетата квантитативна поврзаност.

Содржина на предметната програма:

Преку наставата по предметот се врши утврдување на квантитативните зависности на променливите во дадена економска релација, испитување на валидноста на поставките на економската теорија и предвидување на движењето на економските големини врз основа на утврдените квантитативни врски. Наставата по предметот се фокусира на развивање на методи и квантитативни средства кои се потребни за правилно разбирање и користење на регресионата анализа со најмали квадрати, со оглед на тоа што таа се применува во многу предмети кои вклучуваат економско и бизнис моделирање и тестирање на хипотези. Акцентот ќе биде ставен на развој на интуитивно разбирање преку работење на примери и решавање на конкретни проблеми кои се базираат на реални податoци во компјутерска лабораторија со користење на економетрискиот програмски пакет EViews.

Економетрија – предметна програма 2022/23