Економика на Македонија

Наслов на наставниот предметЕкономика на Македонија
КодECN 240
ПрофесорПроф. д-р Пеце Недановски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положување на испитот, студентите треба да бидат способни:

да ги разбираат основните концепти на економскиот систем и економската политика, од теоретски и практичен аспект;
да ги познаваат методите за проучување на економските појави и за презентирање на сознанијата од аспект на нивната конкретна примена;
да ги разбираат одделните потсистеми во економскиот систем на Македонија преку идентификување на нивните основни карактеристики;
да ги знаат носителите, мерките и инструментите на економската политика и нивното влијание врз економските текови во една национална економија;
да ги анализираат конкретните мерки и инструменти на економската политика применети во македонската економија, врз основа на нивниот придонес во решавањето на одделни проблеми (економската нестабилност, инфлацијата, невработеноста и др.).

Содржина на предметната програма:

  • Економскиот систем, економската политика и економската активност
  • Развојот и карактеристиките на економскиот систем на Македонија
  • Институционалната структура во економскиот систем на Македонија
  • Цели, задачи и инструменти на економската политика на Македонија
  • Структурата и структурните промени во стопанството на Македонија
  • Невработеноста и инфлацијата во Македонија
  • Економскиот раст и развој на Македонија.

Економика на Македонија – предметна програма 2022/23