Економија и политики на дигитализација

Наслов на наставниот предметЕкономија и политики на дигитализација
Код EDIF 550
ПрофесорПроф. д-р Борче Треновски
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Наставата треба да овозможи концептуално оспособувањe за анализа на теоретските и практичните импликации на современите процеси на дигитализација и автоматизација во светот и фундаменталните пристапи во економските политики поврзани со дигитализацијата. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • ги разберат процесите на автоматизација и дигитализација и како тие процеси радикално ги менуваат нашите животи, начини на работа и односи;
  • го разберат значењето на четирите индустриски револуции за глобалната економија и нивното влијание врз човековиот развој;
  • ги анализираат можностите и заканите на Четвртата индустриска револуција во поглед на компјутеризација на преработувачката индустрија и опремувањето на производството со највисока технологија;
  • го следат унапредувањето на компјутерската моќ и развивањето на информатичката технологија во поглед на капацитетот на компјутерската меморија и количеството дигитални информации што можат да се пренесат преку фибер-оптички кабли;
  • ги следат извонредните технологии на новата дигитална ера и условите што ги создаваат – од вештачка интелигенција преку биотехнологии, напредни материјали па сè до квантни компјутери
  • да го разберат значењето на технологиите за општа намена во забрзувањето на економскиот напредок;
  • ги разберат теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на природата и процесите на дигитализација;
  • ги разберат доминантните стратегии на дигитализација во светот.
  • ја анализираат важноста на одделните политики поврзани со дигитализацијата на општеството и импликациите од нивната примена;
  • ги истражуваат интеракциите на дигитализацијата и економскиот раст;
  • ги истражуваат влијанијата на новите технологии врз пазарите на труд, работењето на фирмите и функционирањето на државата;
  • бидат свесни за слабостите на дигитализацијата и заканите што ги носи врз целокупното општество;
  • ги истражуваат меѓународните искуства од примената на различни политики на дигитализација, иновации и претприемништво;
  • ги анализираат импликациите од примената на политиките за дигитализација во Република Северна Македонија.

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед – Што претставува дигитализацијата?
  2. Историски контекст – Четирите индустриски револуции и нивниот придонес кон глобалната економија
  3. Моќта на информатичката технологија
  4. Карактеристики на новите дигитални технологии и индустрии
  5. Принципи и концепти на дигитализацијата
  6. Теории и модели на дигитализацијата
  7. Стратегии на дигитализацијата
  8. Политики на дигитализацијата
  9. Дигитализацијата и економскиот раст
  10. Слабости и закани на дигитализацијата
  11. Политики на дигитализација во избрани развиени земји и земји во развој
  12. Политики на дигитализација во Република Северна Македонија

Економија и политики на дигитализацијата – предметна програма 2022/23