Наслов на наставниот предмет | Економија и политики на заштита на животната средина |
Код | EDIF 591 |
Професор | Проф. д-р Пеце Недановски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
Стекнување теоретски и практични знаење за разбирање на актуелните проблеми со загадувањето на животната средина од економски аспект. Во оваа смисла, интенцијата е поставување основи за стручна анализа на овој вид проблеми, како и за изнаоѓање адекватни решенија. Анализата се фокусира на ниво на националната економија како целина, т.е. се анализира улогата на државата/владата. Притоа, посебен акцент се става врз можностите за примена на одделните економски мерки и инструменти во заштитата на животната средина во Македонија. По совладувањето на предметната програма студентите се стекнуваат со способност:
- да ги анализираат одделните проблеми со загадување на животната средина од аспект на нивните консеквенции;
- да извршат евалуација на условите во кои можат да се применат мерките и инструментите на политиката на заштита на животната средина
- да ги разликуваат предностите и недостатоците на одделните видови политики на заштита на животната средина;
- да ја познаваат системската поставеност и начинот на водење на политиката на заштита на животната средина во одделни земји;
- да ги анализираат глобалните проблеми со квалитетот на животната средина од аспект на можностите за примена на соодветни мерки за нивно решавање;
- да ја познаваат поставеноста на политиката на заштита на животната средина во Македонија.
Содржина на предметната програма:
- Критериуми за евалуација на политиките на заштита на животната средина;
- Децентрализиран пристап: сопственички права;
- Командно-контролен пристап: административни инструменти;
- Пазарно заснован пристап: економски инструменти;
- Економскиот развој и животната средина;
- Глобални проблеми со квалитетот на животната средина: меѓународни договори;
- Политики на заштита на животната средина на ниво на одделни земји: компаративен пристап;
- Политиката на заштита на животната средина во Македонија.
Економија и политики на заштита на животната средина – предметна програма 2022/23