Наслов на наставниот предмет | Економија на благосостојбата и социјални политики |
Код | EDIF 570 |
Професор | Проф. д-р Билјана Ташевска |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Наставата по економија и политика на благосостојба треба да овозможи студентите да се стекнат со познавање на основните принципи на економијата на благосостојба и нивната примена во дизајнирање на политики на благосостојба и поконокретно финансирање и спроведување на програми на благосостојба (социјални програми) во областа на здравството, образованието, социјалната заштита и др. Клучен елемент е државата на благосостојба (социјалната држава), а нејзината улога и применетите политики се анализираат низ призмата на ефикасноста и еднаквоста, со цел да се разберат ефектите на државните интервенции врз индивидуалното однесување и општеството. Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Да користат економски аргументи за државна интервенција на пазарот и обезбедување различни програми на благосостојба;
- Да ги анализираат основните принципи на мерење на благосостојбата, нееднаквоста, сиромаштијата;
- Да ја опишат улогата, големината, опфатот и предизвиците на модерните социјални држави;
- Да ги оценуваат и споредуваат различните начини за финансирање на социјалните програми;
- Да ги разликуваат, евалуираат и споредуваат различните модели на држава на благосостојба / социјална држава;
- Да ги евалуираат политиките на благосостојба и нивните импликации врз индивидуалното однесување и врз општеството;
- Да го применат нивното знаење врз реални социјални и општествени проблеми и програми на социјалната држава и да формулираат соодветни препораки.
Содржина на предметната програма:
- Економија на благосостојба – теоретски осврт и историски развој;
- Дефинирање и мерење на благосостојбата, нееднаквоста и сиромаштијата;
- Причини за државна интервенција (ефикасност наспроти еднаквост, пазарен неуспех, социјална правда) и мерење на промените во благосостојбата;
- Социјален/општествен избор и јавен избор;
- Дефинирање и развој на државата на благосостојба / социјалната држава;
- Политики на благосостојба во одделни области (здравство, образование, невработеност, социјална заштита итн.);
- Финансирање на политиките на благосостојба;
- Големина и опфат на модерните држави на благосостојба / социјални држави;
- Модели / режими на благосостојба;
- Ефекти од политиките на благосостојба врз индивидуалното однесување и врз општеството;
- Современи предизвици за политиките на благосостојба во услови на стареење на населението и глобализација и нивната улога во услови на кризи.
Еконимија на благосостојбата и социјални политики – предметна програма 2022/23