Економија на политиката за заштита на конкуренцијата

Наслов на наставниот предметЕкономија на политиката за заштита на конкуренцијата
Код EDIF 580
ПрофесорПроф. д-р Даниела Бојаџиева
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба:

  • да стекнат знаења за основните принципи на политиката за заштита на конкуренцијата и нејзината институционална поставеност
  • да се запознаат со методологијата на антитрустовската анализа
  • да се стекнат со потребните знаења за разбирање на стратегиското однесување на фирмите на пазарот
  • да се запознаат со методите за мерење и евалуација на ефектите од примената на политиката за заштита на конкуренцијата

Содржина на предметната програма:

  1. Политика за заштита на конкуренцијата: историски развој, цели и законска рамка
  2. Модели на несовршена конкуренција и теоријата на игри
  3. Дефинирање на пазарот и мерење на пазарната моќ на фирмите
  4. Ефектите на пазарната моќ на фирмите врз општествената благосостојба
  5. Формирање на колузии и хоризонтални (картелски) договори
  6. Хоризонтални спојувања и аквизиции меѓу фирмите
  7. Вертикални ограничувања и вертикални спојувања и аквизиции меѓу фирмите
  8. Предаторски цени и други форми на монополизација на пазарот
  9. Економските принципи на управување на државната помош
  10. Ex – post мерење и евалуација на ефектите од примената на политиката за заштита на конкуренцијата

Економија и политика на заштита на конкуренцијата – предметна програма 2022/23