Наслов на наставниот предмет | Економија на социјалната држава |
Код | ECN 230 |
Професор | Проф. д-р Билјана Ташевска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Основна цел на предметот е студентите да се запознаат со концептот на социјалната држава и нејзината улога во обезбедување и унапредување на благосостојбата на граѓаните. Предметот обезбедува економска перспектива на неуспехот на пазарот и потребата, дизајнот и ефектите на државните програми на благосостојба (врз доходот, благосостојбата и однесувањето на поединците, како и врз јавните финансии). По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да:
- ги дефинираат и објаснат благосостојбата и социјалната држава;
- ги анализираат и дискутираат основните принципи на мерење на нееднаквоста, сиромаштијата и социјалната исклученост;
- користат економски аргументи за државна интервенција во различни сегменти на социјалната држава;
- ги разберат основните опции за финансирање на политиките на благосостојба;
- ги разликуваат различните модели/режими на социјална држава;
- ги разберат ефектите од програмите на благосостојба врз индивидуалното однесување и благосостојба и општествeните последици;
- ги разберат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат модерните социјални држави (стареењето на населението, миграциите, глобализацијата, прашањето на одржливоста) и да дискутираат начини за нивно решавање;
- го применат нивното знаење за анализа на реални проблеми и програми на социјалната држава во нашата држава и пошироко;
- го разберат концептот на социјално претприемништво и да го применат нивното знаење за креативни решенија на реални проблеми.
Содржина на предметната програма:
- Дефинирање на социјалната држава (држава на благосостојба), нејзината цел и функција;
- Аргументи за државна интеревенција (ефикасност наспроти праведност и еднаквост; социјална правда);
- Проблеми на дефинирање и мерење на благосостојбата, сиромаштијата, нееднаквоста и социјалната исклученост;
- Финансирање на социјалната држава; 85 Наставна програма 2022-2023
- Државни политики на благосостојба (социјално осигурување, нееднаквост на доходот, сиромаштија, невработеност, пензии);
- Развојот и улогата на социјално претприемништво;
- Големина и опфат на модерните социјални држави;
- Модели/Режими на социјалната држава;
- Политики и мерки на благосостојба во Република Македонија;
- Трендови и предизвици за модерните социјални држави, кои произлегуваат од глобализацијата, демографските промени, дигитализацијата, прашањето на одржливоста.
Економија на социјалната држава – предметна програма 2022/23