Економија – студиска програма 2017/2018

ОПШТО ЗА ПРОФИЛОТ: ДИПЛОМИРАНИОТ ЕКОНОМИСТ НА ДЕПАРТМАНОТ ПО ЕКОНОМИЈА Дипломираниот економист на департманот по Економија е оспособен да ги анализира и разбере клучните микроекономски и макроекономски феномени и процеси и да ги оценува алтернативни решенија за основните економски проблеми на алокација на ресурсите, со кои се соочуваат како поединечните економски субјекти, така и вкупната економија како целина. СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ Дипломираните економисти на департманот по Економија се оспособуваат да вршат економски анализи и да работат на решавање практични економски проблеми во различни форми на претпријатија и деловни организации, приватни и јавни, и во државни институции, односно:

  • државни и други институции и државна администрација (парламент, влада, министерства за финансии, економија и сл., локални самоуправи, управа на јавни приходи, агенција за регионален развој и сл.);
  • регулаторни институции од областа на економската и општествената регулација;
  • централната банка, комерцијални банки и други финансиски институции;
  • дипломатско-конзуларни претставништва на државата во странство;
  • берзи на хартии од вредност;
  • меѓународни организации (нивни претставништва во нашата земја или во други земји);
  • научни и образовни институции (универзитети, факултети, истражувачки институти, средни економски и трговски училишта и сл.);
  • јавни претпријатија во инфраструктурните дејности (електростопанство, пошта, железница, комунални дејности), во образованието, здравството и сл.;
  • приватни претпријатија: мали претприемнички фирми, средни фирми и големи акционерски друштва и сл.

ОПШТИ И СПЕЦИФИЧНИ ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИЈАТА Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини: 1) Знаење и разбирање:

  • Студентите ќе се оспособат да ги анализираат основните макроекономски агрегати и да ја утврдат нивната меѓусебна динамичка меѓузависност;
  • Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини за современа микроекономска анализа на поединечни бизниси и различни пазарни структури во кои дејствуваат бизнисите;
  • Студентите ќе се оспособат критички да ја анализираат компатибилноста, ефикасноста и импликациите од економските политики и нивните инструменти;
  • Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини да ги анализираат современите економски процеси во националните економии, регионалните економски интеграции и светската економија.

2)  Примена на знаењето и разбирањето:

  • Да се дијагностицираат пазарните случувања, да се предвидат тенденциите на тие случувања и да се анализираат ефектите на економските политики врз микроекономските агенти и врз пазарните движења;
  • Да се пресметаат основните макроекономски агрегати и биланси и критички да се анализараат постојните макроекономски политики;
  • Да се направи критичка анализа на институционалната структура на економскиот систем и мотивите и поттиците кои тој ги креира за економските субјекти;
  • Да се применат квантитативните методи на макроекономската и микроекономската анализа во формулирање на нови пристапи и во анализата на постојните модели на економски раст во националните економии;
  • Да се даде критичка анализа на развојните економски политики и нивната примена во националното стопанство;
  • Да се анализираат општите процеси на економскиот развој во светот (посебно процесите на регионализација и глобализација на светските економски текови) и нивното влијание врз националната економија.

3)  Способност за проценка:

  • Способност за набљудување и разбирање на економските движења и процеси, како и идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за анализирање на економските појави и процеси;
  • Способност за оценка на теоретски знаења и избор на аналитички методологии и алатки во клучните подрачја на економската наука;
  • Способност за анализа и интерпретација на податоците и информациите за определени економски движења и промени и нивна примена за решавање на определени економски проблеми.

4) Комуникациски вештини:

  • Соодветна професионална комуникација за воспоставување соработка и презентирање на резултатите од спроведените анализи и истражувања;
  • Способност за независно учество во научни дискусии, иницирање и водење истражувачки активности, тимска работа, критичко размислување, почитување на спротивните ставови и активно слушање на соговорникот;
  • Успешна примена на принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.

5) Вештини на учење:

  • Развивање вештини за учење, интерактивна дебата, набљудување, базични истражувања и анализи.
  • Вештини за критичко оценување на соодветноста на методите на учење, како и на нивното влијание врз стекнувањето знаења, вештини, компетентност и примена на знаењата во практика;
  • Способност за идентификување на сопствените потреби за континуирана едукација и професионален развој (последипломски, докторски студии) во областа на микроекономијата и макроекономијата и преземање иницијатива за стекнува со нови знаење и вештини.

ГодинаСеместарР.бр.ШифраПредметЧасовиECTS
ПрваЗимски1ECN 110Основи на економијата6+08
ПрваЗимски2MST 110Математика за економисти4+28
ПрваЗимски3ACC 110Основи на сметководство4+28
ПрваЛетен5MST 120Статистика за бизнис и економија4+28
ВтораЗимски1ECN 210Макроекономија6+08
ВтораЗимски2ECN 220Микроекономија6+08
ВтораЗимски3ECN 240Економика на Македонија6+08
ВтораЛетен4ECN 230Економија на социјалната држава6+08
ВтораЛетен5ECN 250Економија на трудот6+08
ТретаЗимски1ECN 310Економија на инвестиции6+08
ТретаЗимски2ECN 320Економски раст и развој6+08
ТретаЗимски3ECN 330Економетрија6+08
ТретаЛетен4ECN 350Развој на економската мисла6+08
ТретаЛетен5ECN 340Регионална и урбана економија6+08
ЧетвртаЗимски1ECN 440Методи на макроекономската анализа6+08
ЧетвртаЗимски2ECN 420Економија на јавниот сектор6+08
ЧетвртаЗимски3FIN 230Јавни финансии4+28
ЧетвртаЛетен4ECN 410Државна регулација на бизнисот6+08
ЧетвртаЛетен5ECN 430Глобалната економија и економските системи6+08

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

  • Аграрна политика
  • Аналитика на бизнис податоци
  • Банкарски менаџмент
  • Деловна етика
  • Демографија
  • Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
  • Европски економски интеграции
  • Економетрија
  • Економија на инвестициите
  • Економија на јавниот сектор
  • Економика на Македонија
  • Економски раст и развој
  • Индустриска политика
  • Интегрирани маркетинг комуникации
  • Jавни финансии
  • Квантитативни методи во финансии
  • Корпоративно финансиско известување
  • Лични финансии
  • Макроекономија
  • Маркетинг истражување
  • Маркетинг менаџмент
  • Меѓународен маркетинг
  • Меѓународни организации и интеграции
  • Меѓународни трговски трансакции
  • Меѓународни финансии
  • Менаџмент на информациони системи
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Методи на макроекономската анализа
  • Микроекономија
  • Монетарна и фискална политика во ЕУ
  • Надворешна трговија
  • Национални сметки
  • Однесување на потрошувачите
  • Оперативен менаџмент
  • Операциони истражувања
  • Сметководствени информациони системи
  • Статистичка контрола на квалитет
  • Стратегиски менаџмент
  • Теорија на организација
  • Управување со производот
  • Финансиско сметководство

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

  • Анализа на временски серии
  • Анализа на финансиски извештаии
  • Банкарство
  • Вовед во економија на животната средина
  • Глобалната економија и економските системи
  • Деловно комуницирање
  • Деловно планирање
  • Директен маркетинг
  • Државна регулација на бизнисот
  • Е-бизнис иновации
  • Единствен пазар на ЕУ
  • Економија на иновации
  • Економија на трудот
  • Економија на социјална држава
  • Економска статистика
  • Инвестиционен менаџмент
  • Интерна ревизија
  • Локални финансии
  • Маркетинг на услуги
  • Маркетинг преку социјални медиуми
  • Меѓународен менаџмент
  • Меѓународна економија
  • Меѓународно сметководство
  • Менаџмент во осигурување
  • Менаџмент на мал бизнис
  • Менаџмент на набавки
  • Менаџмент на перформанси
  • Менаџмент на промени
  • Менаџмент на ризик
  • Менаџмент на финансиски институции
  • Монетарна економија
  • Мултилатерален трговски систем
  • Мултилатерална трговска регулатива
  • Односи со јавноста
  • Организациско однесување
  • Основи на бизнис аналитика
  • Политика на цени
  • Претприемништво
  • Проект менаџмент
  • Развој на економската мисла
  • Регионална и урбана економија
  • Ревизија
  • Сметководствени контролни системи
  • Теории на надворешната трговија
  • Теорија на одлучување
  • Управување со маркетинг каналите
  • Управување со системите
  • Управувачко сметководство I
  • Управувачко сметководство II
  • Финансиска економетрија
  • Финансиска и актуарска математика
  • Финансиски пазари и институции
  • Хартии од вредност и портфолио менаџмент

ЛИНК до Економија – студиска програма 2022/2023