Почитувани,
на следните линкови ќе можете да ги погледнете последните информации за студиумот врз основа на акредитации и структура на студиската програма
ОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И ФОРМУЛАРИ ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ
Структура
СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Студиите се организираат во период од 3 години според следниов режим:
Прва година (Обука за истражување и едукација) – 60 ЕКТС со кои кандидатот се стекнува со генерички и специфични знаења потребни за изработка на докторската дисертација. Првата година се организира во рамки на 2 семестри.
Прв семестар – 30,5 ЕКТС кредити и тоа:
- 8 кредити од 2 генерички предмети,
- 22,5 кредити од предмети во подрачјето и потесната област на истражување.
Во првиот семестар студентите полагаат двата задолжителни предмети од листата на генерички предмети чија реализација се одвива на Школата за докторски студии.
Задолжителни предмети:
- Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки – 4 кредити.
- Методологија на научно-истражувачка работа со примена и примери во подрачјето на економските науки – 4 кредити.
Изборни предмети:
Во текот на првиот семестар студентот полага 3 предмети од листата предмети во подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот (Табела бр. 7). Секој од овие предмети носи по 7,5 ЕКТС – кредити.
– Втор семестар – 29,5 ЕКТС кредити:
Во вториот семестар кандидатот избира еден предмет од листата на предложени предмети за стекнување на генерички знаења усвоена од Школата за докторски студии при Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј” во Скопје кој носи 4 кредити.
Во вториот семестар кандидатот избира и еден предмет од подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот. Покрај ова, во вториот семестар кандидатот треба да освои и дополнителни 18 кредити од учество на докторски семинар со презентација (2 кредити), годишна конференција со презентација на извештај (2 кредити) и самостојно истражување (14 кредити). Вкупната оптовареност на студентот за стекнување на 7,5 ЕКТС – кредити изнесува 225 часа од кои: 70 часа се директни контакт часови настава и вежби, 100часа се проектни и самостојни задачи, а останатите 55 часа се самостојно учење.
Втора и трета година – изработка на докторска дисертација – 120 кредити (пријава, истражување, изрботка и одбрана)
Пријавата, изработката и одбраната на докторската дисертација носат вкупно 120 ЕКТС- кредити и истите треба да се реализираат во период од 2 години, односно 4 семестри. Активностите во третиот семестар (Втора година) се состојат од подготовка на пријава за докторска дисертација и јавна презентација на тезите, методологијата, очекуваните резултати и други релевантни аспекти на истражувањето кое кандидатот планира да го спроведува.
I ГОДИНА
Прв семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки (задолжителен предмет) | 4 |
| Методологија на научно-истражувачка работа (задолжителен предмет) | 4 |
| Изборен предмет (поле и област на истражување) | 7,5 |
| Изборен предмет (поле и област на истражување) | 7,5 |
| Изборен предмет (поле и област на истражување) | 7,5 |
| Вкупно | 30,5 |
Втор семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Учество на докторски семинар со презентација | 2 |
| Изборен предмет од листата на предложени предмети за стекнување на генерички знаења (усвоена од Школата за докторски студии при УКИМ) | 4 |
| Изборен предмет (поле и област на истражување) | 7,5 |
| Самостојно истражување | 14 |
| Годишна конференција со презентација на извештај | 2 |
| Вкупно | 29,5 |
II ГОДИНА
Трет семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Подготвување и поднесување на пријава за тема на докторска дисертација и самостојно истражување | 28 |
| Докторски семинар со презентација на извештај | 2 |
| Вкупно | 30 |
Четврти семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Работилница за истражувачка практика | 3 |
| Годишна конференција со презентација | 2 |
| Самостојно истражување и објавување резултати | 25 |
| Вкупно | 30 |
III ГОДИНА
Петти семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Докторски семинар со презентација на извештај | 2 |
| Самостојно истражување и објавување резултати | 28 |
| Вкупно | 30 |
Шести семестар
| Предмет / активност | ЕКТС |
|---|---|
| Работилница за истражувачка практика | 3 |
| Самостојно истражување и пишување на дисертацијата | 25 |
| Годишна конференција со презентација | 2 |
| Вкупно | 30 |
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ
| Предмет | Наставник | Институција | ЕКТС |
|---|---|---|---|
| Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки | Проф. д-р Верица Јаневска Проф. д-р Виолета Панзова Доц. д-р Марија Ацковска | Економски институт – Скопје Економски институт – Скопје Економски институт – Скопје | 4 |
| Методологија на научно-истражувачка работа | Проф. д-р Леонид Наков | Економски факултет – Скопје | 4 |
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
Листа на предложени предмети за стекнување генерички знаења, усвоена од Школата за докторски студии на УКИМ
| Предмет | ЕКТС | Наставник | Институција |
|---|---|---|---|
| Економетрија | 4 | Проф. д-р Весна Буцевска | Економски факултет – Скопје |
| Статистичка анализа | 4 | Проф. д-р Драган Тевдовски Проф. д-р Марија Трпкова – Несторовска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| Операциони истражувања | 4 | Доц. д-р Виолета Цветкоска | Економски факултет – Скопје |
| Квантитативни методи на економска анализа | 4 | Проф. д-р Билјана Ангелова Доц. д-р Александар Стојков | Економски институт – Скопје Правен факултет – Скопје |
| Претприемништво и иновации | 4 | Проф. д-р Зоран Јаневски Проф. д-р Стојан Дебарлиев | Економски институт – Скопје Економски факултет – Скопје |
| Други предмети од единиците на УКИМ | 4 | Од други единици на УКИМ | УКИМ |
Листа на изборни предмети на студиска програма од трет циклус студии по Економски науки
| Код ЕСО | Предмет | Наставник | Институција |
|---|---|---|---|
| 1 | Микроекономија | Проф. д-р Владимир Филиповски Проф. д-р Биљана Ангелова Проф. д-р Предраг Трпески Доц. д-р Даниела Мамучевска | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 2 | Макроекономија | Проф. д-р Трајко Славески Проф. д-р Силвана Мојсовска Проф. д-р Предраг Трпески Доц. д-р Борче Треновски | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 3 | Економски раст и развој | Доц. д-р Елизабета Џамбаска Доц. д-р Владимир Петковски | Економски институт Економски институт |
| 4 | Применета економија | Проф. д-р Пеце Недановски Проф. д-р Ванчо Узунов Доц. д-р Елизабета Џамбаска Доц. д-р Владимир Петковски | Економски факултет – Скопје Правен факултет Економски институт Економски институт |
| 5 | Економија на јавниот сектор | Проф. д-р Љубомир Кекеновски Проф. д-р Ристо Христов Проф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 6 | Макроекономско моделирање | Проф. д-р Сашо Ќосев Проф. д-р Весна Буцевска Доц. д-р Борче Треновски | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 7 | Регионална економија | Проф. д-р Пеце Недановски | Економски факултет – Скопје |
| 8 | Економија на аграрниот сектор | Проф. д-р Сашо Ќосев Проф. д-р Пеце Недановски Доц. д-р Наташа Данаилоска Доц. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт Економски институт |
| 9 | Индустриска политика | Проф. д-р Љубомир Кекеновски Доц. д-р Даниела Мамучевска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 10 | Државната регулација на бизнисот | Проф. д-р Трајко Славески Проф. д-р Љубомир Дракулевски Проф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска Доц. д-р Даниела Мамучевска Доц. д-р Наташа Данаилоска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 11 | Економика на туризам и угостителство | Доц. д-р Марија Ацковска Доц. д-р Наташа Данаилоска | Економски институт Економски институт |
| 12 | Меѓународна економија | Проф. д-р Ирена Кикеркова Проф. д-р Силвана Мојсовска Доц. д-р Марија Ацковска Доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска Доц. д-р Искра Станчева Гигов | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски институт Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 13 | Мултилатерален трговски систем | Проф. д-р Ирена Кикеркова Доц. д-р Марија Ацковска Доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска Доц. д-р Искра Станчева Гигов | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 14 | Европски економски интеграции | Проф. д-р Ирена Кикеркова Проф. д-р Силвана Мојсовска Доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје |
| 15 | Современи тенденции во светската економија | Проф. д-р Ванчо Узунов | Правен факултет, УКИМ |
| 16 | Финансиски пазари и институции | Проф. д-р Владимир Филиповски Доц. д-р Кирил Јовановски Доц. д-р Елена Наумовска Проф. д-р Климентина Попоска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 17 | Монетарна економија | Проф. д-р Горан Петревски Доц. д-р Ѓорѓи Гоцков | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 18 | Банкарство | Проф. д-р Горан Петревски Доц. д-р Ѓорѓи Гоцков Проф. д-р Климентина Попоска Доц. д-р Елена Наумовска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје |
| 19 | Меѓународни финансии | Проф. д-р Владимир Филиповски Доц. д-р Кирил Јовановски | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 20 | Јавни финансии | Проф. д-р Горан Петревски Проф. д-р Трајко Славески Проф. д-р Снежана Костадиноска Милошеска Доц. д-р Сузана Макрешанска Младеновска Доц. д-р Билјана Ташевска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 21 | Корпоративни финансии | Проф. д-р Сашо Арсов Проф. д-р Биљана Ангелова Доц. д-р Александар Наумоски | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје |
| 22 | Холистички и интернет маркетинг | Проф. д-р Снежана Ристевска Јовановска Проф. д-р Анита Циунова – Шулеска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 23 | Стратегии и политика на производ | Проф. д-р Снежана Ристевска Јовановска Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска Доц. д-р Ежени Брзовска | Економски факултет – Скопје Економски институт Економски факултет – Скопје |
| 24 | Методи на маркетинг истражување | Доц. д-р Николина Паламидовска Стерјадовска | Економски факултет – Скопје |
| 25 | Однесување на потрошувачите и CRM | Проф. д-р Снежана Ристевска Јовановска Проф. д-р Анита Циунова Шулеска Доц. д-р Ежени Брзовска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 26 | Меѓународен маркетинг и стратегии | Проф. д-р Ежени Брзовска Проф. д-р Татјана Петковска | Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 27 | Управување со маркетинг активностите | Проф. д-р Анита Циунова Шулеска Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска | Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 28 | Економика на претпријатија | Проф. д-р Кирил Постолов Проф. д-р Љубомир Дракулевски Проф. д-р Стојан Дебарлиев Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доц. д-р Александра Јанеска-Илиев Проф. д-р Зоран Јаневски | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт |
| 29 | Управување со претпријатие во криза | Проф. д-р Кирил Постолов Доц. д-р Леонид Наков Доц. д-р Љупчо Ефтимов | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје |
| 30 | Економија на човечките ресурси | Проф. д-р Предраг Трпески Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доц. д-р Александра Лозаноска | Економски факултет – Скопје Економски факултет – Скопје Економски институт |
Одбрани
Одбрани докторски дисертации
1. М-р Огнен Фирфов
Тема: „Влијанието на користењето на интернетот врз продуктивноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф. д-р Љубомир Дракулевски
Одбрана: 12.04.2019 година во 13:30 часот, Економски факултет – Скопје
2. М-р Благој Серсемов
Тема: „Нетрговски бариери во мултиратералниот трговски систем”
Ментор: Проф. д-р Ирена Кикеркова
Одбрана: 11.06.2019 година во 12:00 часот, Економски факултет – Скопје
3. М-р Марија Пендевска
Тема: „Влијанието на менаџментот на знаење врз развојот на иновативноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф. д-р Благоја Ѓорѓијовски
Одбрана: 13.06.2019 година во 12:00 часот, Економски факултет – Скопје
4. М-р Емилија Стојанова Ивановска
Тема: „Управување со кредитниот ризик согласно Капиталната Спогодба Базел II – економетриски пристап”
Ментор: Проф. д-р Весна Буцевска
Одбрана: 24.06.2019 година во 10:00 часот, Економски факултет – Скопје
5. М-р Катерина Бошевска
Тема: „Економските ефекти од легалните и нелегалните начини за избегнување на оданочувањето”
Ментор: Проф. д-р Михаил Петковски
Одбрана: 25.06.2019 година во 12:00 часот, Економски факултет – Скопје
6. М-р Александар Николовски
Тема: „Влијанието на фискалната политика врз економскиот раст и развој – осврт на случајот на Република Македонија”
Ментор: Проф. д-р Пеце Недановски
Одбрана: 18.09.2019 година во 12:00 часот, Економски факултет – Скопје
7. М-р Александра Наќева Ружин
Тема: „Финансиските конгломерати и потребата од интегрирана супервизорска рамка во Република Македонија”
Ментор: Проф. д-р Михаил Петковски
Одбрана: 03.01.2020 година во 11:00 часот, Економски факултет – Скопје
8. М-р Томислав Шалваринов
Тема: „Маркетинг микс-концептот во нафтената индустрија и истражување на побарувачката од нафта како главен енергенс во индустријата и нејзините деривати”
Ментор: Проф. д-р Снежана Р. Јовановска
Одбрана: 13.01.2020 година во 07:00 часот, Економски факултет – Скопје
