Економски раст и развој

Наслов на наставниот предметЕкономски раст и развој
Код ECN 320
ПрофесорПроф. Д-р Владимир Филиповски
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

  • Знаење и разбирање на повеќедимензионалноста на економскиот раст и развој: економска, социјална и политичка димензија.
  • Знање и разбирање на квантитативните и квалитативните аспекти (долгорочната одржливост) на процесите на економскиот раст и економскиот развој.
  • Разбирање и способности за аналитичка примена на методите и индикаторите за мерење на: економскиот раст, нерамномерноста во распределбата на доходот, квалитетот на институциите кои влијаат на економскиот раст и развој.
  • Разбирање на разликите во нивоата на економскиот развој и остварените стапки на економски раст
  • Знаење и разбирање на основните фактори на економскиот раст и економскиот развој: трудот, физичкиот капитал, човечкиот капитал, производните знаења и технолошките иновации.
  • Разбирање на аналитичките аспекти и способност за оценка на импликациите на класичните, неокласичните и ендогените модели на економски раст.
  • Знаење и способност за критичка евалуација на теориите на економскиот развој.
  • Разбирање на елементите и способност за оценка на импликациите на различни стратегии на економскиот раст и развој: раст воден од извозот, супституција на увозот, стимулирање на образованието и човечкиот капитал, подобрување на квалитетот на институциите.
  • Знаење и способност за аналитичка оценка на примената на макроекономските и микроекономските политики за постигнување забрзан и одржлив економски раст и развој
  • Разбирање и способност за анализа на меѓународните аспекти на економскиот раст и развој:
    • Влијанието на меѓународната трговија.
    • Влијанието на меѓународните текови на капиталот, посебно на странските директни инвестиции.

Содржина на предметната програма:

  • Дефинирање на концептите на економски раст и економски развој – квантитатвини и квалитативни димензии
  • Мерење и индикатори за економскиот раст и економскиот развој
  • Основни фактори на економскиот раст и развојот: население, земја и природни ресурси, инвестиции во физички и човечки капитал и во истражување и развој
  • Модели на економски раст:
    • Класичен модел,
    • Модел на Харод и Домар,
    • Неокласичен модел на Солоу,
    • АК модели
    • Ендогени модели на раст
  • Теории на економски развој: класични и модерни.
    • Класични теории
      • Теорија на фазите на развојот
      • Модели на структурни промени
      • Теории на меѓународна зависност
      • Неокласични теории
    • Модерни теории
      • Неуспех на координацијата и повеќекратни рамнотежи
      • O-Ring теоријата на Кример
      • Дијагностиката на растот
  • Квалитетот на институциите, институционалните реформи и економскиот раст и развој
  • Макроекономските политики и економскиот раст и развој
  • Меѓународните аспекти на економскиот раст и развој
    • Значењето на меѓународната трговија
    • Стимулирање на иновации и претприемништво
    • Вложување во човечки капитал
  • Стратегии на економски развој на земјите во развој:
    • Индустријализација и модернизација на економската структура
    • Супституција на увозот
    • Промоција на извозот – раст воден од извозот
  • Политики на стимулирање на економскиот раст:
    • Стимулирање на иновации и претприемништво
    • Вложување во човечки капитал

Економски раст и развој – предметна програма 2022/23