Е-Бизнис – студиска програма 2022/2023

Цел на студиската програма по Е-БИЗНИС е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот како и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање

  • Стекнува продлабочени знаења за современите светски практики од областа на е-бизнисот и е-комерцијата;
  • Стекнува знаења од областа на дигиталната економија и создавањето на вредност во дигиталната економија;
  • Стекнува знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата;
  • Стекнува способност и знаење за подржување на дигитализацијата и бизнис стратегијата на претпријатијата;
  • Стекнува знаење од областа на дигиталниот маркетинг, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите;
  • Стекнување на знаења од областа на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;
  • Стекнува потребно знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси;
  • Стекнува знаење за основните елементи на компјутерските програмски јазици за развој, имплементација и менаџирање на бизнис апликации;
  • Стекнува знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатијата, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект

Примена на знаењето и разбирањето

  • Способност за дизајнирање, креирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
  • Да ги применува теоретските знаења со помош на кои успешно развива интернет маркетинг комуникациски план;
  • Да ги искористат потенцијалите на информациските системи за дигитализација на синџирот на снабдување;
  • Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнисот;
  • Да ги употребуваат најновите технологии и трендови при изработката на веб решенија, да изработат веб сајт и да ги применуваат основните правила и алатки за креирање на веб содржини;
  • Да користат податоци од истражувања, трансакции, интернет, социјални мрежи и сл. за мерење и менаџирање на односите со потрошувачите;
  • Да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на CRM концептот во бизнис практиката
  • Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење;
  • Да ги применуваат стекнатите вештини во реални сценарија.

Способност за проценка

  • Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за менаџирањето со овие процеси;
  • Покажува способност за идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување;
  • Студентите ќе бидат способни да одредат/проценат и имплементираат соодветна методологија за развој на информациски системи;
  • Демонстрира способност за анализа на податоци и интерпретација на добиените резултати и нивна примена во насока на унапредување на конкурентоста на претпријатијата во глобалното дигитално окружување.

Комуникациски вештини

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.

Вештини за учење

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.

КодПредметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
ECN 110Основи на економијатаПрв/Зимски607.5
ACC 110Основи на сметководствоПрв/Зимски427.5
MST 110Математика за економистиПрв/Зимски427.5
Изборен предметПрв/Зимски6 / 40 / 27.5
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор/Летен427.5
EBU 110Основи на е-бизнисВтор/Летен427.5
INT 110Трговско правоВтор/Летен427.5
Изборен предметВтор/Летен6 / 40 / 27.5
Изборни предмети
MGT120Бизнис етикаПрв/Зимски607.5
INT120Деловен англиски јазикПрв/Зимски427.5
ECN120Вовед во економија на животната срединаВтор/Летен607.5
MGT130Организациско однесувањеВтор/Летен427.5

КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MGT 210Основи на менаџментТрет / Зимски607.5
MKT 210Основи на маркетингТрет / Зимски427.5
EBU 210Дигитална економијаТрет / Зимски427.5
Изборен наставен предметТрет / Зимски6//40 / 27.5
EBU 230Информациони технологииЧетврти / Летен427.5
EBU 220Дигитален маркетингЧетврти / Летен427.5
EBU 240Дигитални иновацииЧетврти / Летен427.5
Изборен наставен предметЧетврти / Летен6//40 / 27.5
Изборни предмети
MST 240ДемографијаТрет / Зимски427.5
ECN 240Економика на МакедонијаТрет / Зимски607.5
FIN 230Јавни финансииТрет / Зимски607.5
ECN 210МакроекономијаТрет / Зимски607.5
MGT 240Менаџмент на човечки ресурсиТрет / Зимски427.5
ECN 220МикроекономијаТрет / Зимски607.5
MKT 220Однесување на потрошувачитеТрет / Зимски427.5
MGT 270Теорија на организацијаТрет / Зимски607.5
ACC 210Финансиско сметководствоТрет / Зимски427.5
ECN 270Бихевиористичка економија (Економија и психологија)Четврти / Летен607.5
ECN 230Економија на социјалната државаЧетврти / Летен607.5
MST 210Економска статистикаЧетврти / Летен427.5
MKT 240Интегрирани маркетинг-комуникацииЧетврти / Летен427.5
INT 210Меѓународна економијаЧетврти / Летен607.5
INT 220Meѓународни организации и интеграцииЧетврти / Летен427.5
MGT 260Менaџерско одлучување и решавање на проблемиЧетврти / Летен607.5
MGT 230Менаџмент на мал бизнисЧетврти / Летен607.5
FIN 220Пари и банкарствоЧетврти / Летен607.5
MGT 250Проект менаџментЧетврти / Летен427.5
ECN 250Управување со системиЧетврти / Летен427.5
ACC 220Управувачко сметководство 1Четврти / Летен427.5
FIN 210Финансиски пазари и институцииЧетврти / Летен607.5

КодНазив на предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
EBU 310Бази на податоци за бизнисПетти / Зимски427.5
EBU 320Бизнис логистикаПетти / Зимски427.5
MGT 390Финансиски менаџментПетти / Зимски607.5
Изборен наставен предметПетти / Зимски6//40 / 27.5
EBU 330Дизајн и развој на вебШести / Летен427.5
EBU 340Менаџмент на бизнис процесиШести / Летен427.5
EBU 350Програмирање на бизнис апликацииШести / Летен427.5
Изборен наставен предметШести / Летен6//40 / 27.5
Изборени предмети
FIN 330Бихевиористички финансииПетти / Зимски607.5
INT 310Европски економски интеграцииПетти / Зимски607.5
ECN 310Економија на инвестицииПетти / Зимски607.5
ECN 320Економски раст и развојПетти / Зимски607.5
MKT 330Маркетинг-истражувањеПетти / Зимски427.5
МКТ 310Маркетинг-менаџментПетти / Зимски427.5
MGT 320Менаџмент информациони системиПетти / Зимски607.5
INT 340Надворешна трговијаПетти / Зимски607.5
ACC 340Сметководствени информациони системиПетти / Зимски427.5
MGT 310Стратегиски менаџментПетти / Зимски607.5
MKT 320Управување со иновации и производПетти / Зимски427.5
MST 310Анализа на временски серииШести / Летен427.5
MGT 330Бизнис планирање и претприемништвоШести / Летен427.5
ECN 391Економија на иновацииШести / Летен607.5
MKT 340Маркетинг на услугиШести / Летен427.5
MGT 340Менаџмент на перформансиШести / Летен427.5
MGT 380Менаџмент на ризикШести / Летен427.5
MKT 350Политика на цениШести / Летен427.5
ACC 330РевизијаШести / Летен427.5
ACC 320Управувачко сметководство 2Шести / Летен427.5
FIN 320Хартии од вредност и портфолио менаџментШести / Летен607.5
INT 320Внатрешен пазар на ЕУШести / Летен607,5

КодНазив на предметСеместарПНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
EBU 410ЕРП системиСедми / Зимски427.5
EBU 430Системска анализа и дизајн на информациски системиСедми / Зимски427.5
EBU 440Аналитика на бизнис податоциСедми / Зимски427.5
Изборен наставен предметСедми / Зимски6//40 / 27.5
EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачиОсми / Летен427.5
MKT 440Маркетинг преку социјални медиумиОсми / Летен427.5
Изборен наставен предметОсми / Летен6//40 / 27.5
Изборен наставен предметОсми / Летен6//40 / 27.5
DIPL 5000Дипломскa работа*Осми / Летен3
Изборани предмети
FIN410Банкарски менаџмент7 (седми)/зимски607.5
FIN430Европски финансиски систем7 (седми)/зимски607.5
ECN420Економија на јавниот сектор7 (седми)/зимски607.5
ECN460Индустриска политика7 (седми)/зимски607.5
MST420Квантитативни методи во финансии7 (седми)/зимски427.5
MKT410Меѓународен маркетинг7 (седми)/зимски427.5
MGT470Меѓународен менаџмент7 (седми)/зимски607.5
MGT420Оперативен менаџмент7 (седми)/зимски427.5
MGT450Операциони истражувања и машинско учење за менаџмент7 (седми)/зимски607.5
FIN420Алтернативни инвестиции8 (осми)/летен427.5
ACC420Анализа на финансиски извештаи8 (осми)/летен427.5
MKT430Аналитика на социјални медиуми8 (осми)/летен427.5
MGT430Бизнис комуникации8 (осми)/летен427.5
EBU450Е-бизнис дистрибутивни канали8 (осми)/летен427.5
MKT420Креативност и маркетинг на содржина8 (осми)/летен427.5
MGT480Кризен менаџмент8 (осми)/летен427.5
INT420Меѓународно трговско право8 (осми)/летен427.5
MGT410Менаџмент на осигурување8 (осми)/летен427.5
MGT440Менаџмент на промени8 (осми)/летен427.5
FIN440Применети финансии со ексел8 (осми)/летен607.5
MKT450Современи теми од комуникации8 (осми)/летен427.5
INT440Транснационални компании и глобалната економија8 (осми)/летен427.5
MST430Финансиска и актуарска математика8 (осми)/летен427.5

ЛИНК до Е-Бизнис – студиска програма 2017/2018