Заверка на семестар – втор циклус

Информација и распоред за заверка на зимски семестар и упис на летен семестар за втор циклус

2022/2023 година

Почитувани,

 Ве информираме дека во системот iknow e креиран летниот семестар 2022/2023 година и сите студенти кои се запишале во првиот уписен рок или имаат предмети за презапишување во летниот семестар, пред да дојдат во службата треба да  направат online упис.

Студентите кои ќе полагаат испити од зимскиот семестар во сесиите во јуни и август-септември треба да направат online упис и во предвидениот термин да достават образец за упис на празен летен семестар 2022/2023 без надомест.

Монетарна економија, финансии и банкарство6.2.2023
Стратегиски менаџмент на човечки ресурси7.2.2023
MBA in Strategic human resource management7.2.2023
МБА Менаџмент9.2.2023
Корпоративен финансиски менаџмент9.2.2023
Економски развој и меѓународни финансии10.2.2023
Маркетинг13.2.2023
Европски студии13.2.2023
Статистички методи за бизнис и економија13.2.2023
Управување во јавен сектор14.2.2023
Менаџмент во осигурувањето14.2.2023
Е-бизнис менаџмент15.2.2023
Сметководство и ревизија16.2.2023
ВАЖНО

Доколку не сте биле активни во iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се сметa за застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка.Секое непочитување на дадениот термин, повлекува надомест за задоцнет упис!

Со почит,

Економски факултет – Скопје