Квантитативни методи за финансиски менаџмент

Наслов на наставниот предметКвантитативни методи за финансиски менаџмент
Код CFM 520
ПрофесорПроф. д-р Виолета Цветкоска
Предуслови за запишување на предметотЗавршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • ги применуваат фазите на пристапот на квантитативната анализа при решавање на проблеми од областа на корпоративниот финансиски менаџмент
  • користат разни статистички, оптимизациони и повеќекритериумски методи и техники за анализирање на финансиски проблеми
  • ја користат водечката непараметарската методологија анализа на обвиени податоци за оценување на перформансите на корпорациите
  • развиваат spreadsheet модели со користење на реални сетови на податоци
  • користат софтверски алатки за анализирање, моделирање и визуелизирање на податоци
  • да ги интерпретираат добиените решенија во поширок контекст на конретниот проблем и да ги користат добиените сознанија за донесување на подобри одлуки

Содржина на предметната програма:

  • Улогата на квантитативната анализа во корпоративниот финансиски менаџмент
  • Финансиска аналитика со користење на spreadsheets
  • Моделирање и визуелизирање на финансиски податоци
  • Податочно рударење
  • Методи и техники за предвидување
  • Мерење на перформасите на организациите со анализа на обвиени податоци
  • Симулационо моделирање
  • Повеќекритериумско одлучување
Квантитативни методи за финансиски менаџмент – предметна програма 2022/23