УПИС НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ 2025/2026

Добредојдовте на официјалната страна за упис на нови студенти на Економскиот факултет – Скопје!
Ви благодариме што го избравте Економскиот факултет – Скопје, лидер во високото образование во државата!

Важни датуми за упис

Втор рок

  • Пријавување: 11–12.09.2025
  • Прелиминарна листа: 16.09.2025
  • Кончена листа: 18.09.2025
  • Запишување: 22.09.2025

Трет рок

  • Пријавување: 24.09.2025
  • Запишување: 29.09.2025

За странски студенти

  • До: 29.09.2025
  • Кончена листа до: 30.09.2025
  • Запишување: 1.10.2025

Слободни места за втор уписен рок

Студиска програма Државна квота Кофинансирање Вонредни студенти
Е-бизнис /21
Економија /310
Маркетинг /44
Менаџмент и претприемништво /56
Меѓународна трговија /1410
Сметководство и ревизија /110
Финансии /510
Вкупно слободни места / 34 51

Студиски програми

Е-бизнис

Види програма

Економија

Види програма

Маркетинг

Види програма

Менаџмент и претприемништво

Види програма

Меѓународна трговија

Види програма

Сметководство и ревизија

Види програма

Финансии

Види програма

Како да се пријавите успешно?

Доколку сакате да станете дел од академската заедница на Економскиот факултет – Скопје, првиот чекор е електронската пријава. Подгответе се навреме и следете ги сите упатства за успешно аплицирање. На следниот линк ќе најдете важни информации за регистрација.

Поднесување на документи

🔹 По успешната електронска пријава, следен чекор е доставувањето на задолжителни документи во физичка форма.

🔹 Поднесувањето на оригиналните документи предвидени со конкурсот, ќе се врши на:11-ти и 12-ти Септември во просториите на Економскиот факултет – Скопје, од 08:30 до 15:30 часот, во службата за втор циклус студии.

🔹 Проверете ја листата на задолжителни документи за да се осигурате дека вашата апликација ќе биде целосна и валидна.

Подршка при упис

🔹 Обезбедена компјутерска лабараторија како поддршка за кандидатите кои имаат потешкотии со електронската регистрација;
🔹 Ве очекува топол прием од студенти волонтери задолжени за помош и координација при поднесување на документите.