Маркетинг – студиска програма 2022/2023

Цел на студиската програма по МАРКЕТИНГ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на маркетингот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

 Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење во врска со маркетинг-инструментите во производните и услужните компании во насока на остварување на позитивни резултати во работењето .
  • Покажува знаење кое е неопходно за идентификување на различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
  • Демонстира знаење за процесот на маркетинг-планирање, формулирање и имплементирање на маркетинг-стратегиите и маркетинг-одлучувањето.
  • Демонстрира знаење за стратегиите за иновација и воведување нов производ на пазарот, за стратегиите на дистрибуција и за маркетинг-каналите, за стратегиите и тактиките во формулирањето на политиката на цени и за маркетинг-комуникациските стратегии применувајќи пристап на интегрирани маркетинг-комуникации.
  • Демонстрира знаење за комуникацијата со интерната и екстерната јавност и за комуницирањето преку директна комуникациска порака со фокус на маркетинг комуникациските активности преку е-маил.
  • Демонстрира знаење за одделните фази од процесот на маркетинг-истражување и методите кои што се користат во маркетинг-истражувањето.
  • Демонстрира знаење за одделните методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
  • Демонстрира знаење за концептот и примената на меѓународниот маркетинг.
  • Демонстрира знаење за основните концепти и за целиот еко-систем на социјалните медиуми и нивниот импакт врз маркетинг-стратегиите на компаниите.
  • Демонстрира знаење за процесот на создавање содржина за различни медиуми и за развивање маркетинг- стратегии на содржина.

 Примена на знаењето и разбирањето:

  • Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно ги идентификува и ги комбинира одделните инструменти на маркетингот на производ, односно услуга.
  • Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно ги идентификува и ги разбира факторите кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
  • Самостојно донесува одлуки за инструментите на маркетинг-комуникациите, за медиумите за комуникација, како и одлуки во врска со пораката и структурата на истата.
  • Самостојно ги анализира маркетинг-стратегиите на компаниите и донесува најдобри маркетинг-одлуки во процесот на маркетинг-планирање.
  • Самостојно донесува одлуки во врска со изборот и комуникацијата со целните групи јавност, селектирањето на купувачите, креирањето директна маркетинг-комуникациска порака и е-маил маркетинг-кампања врз основа на ситематизирани податоци за купувачите.
  • Самостојно развива маркетинг-истражувачки проект и ги истражува и анализира одделните маркетинг- инструменти и однесувањето на потрошувачите, предлагајќи соодветни решенија.
  • Самостојно ги применува одделните методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
  • Ги имплементира соодветните политики на производот.
  • Способен е да направи анализа на алтернативните канали на дистрибуција и да направи избор на каналите кои ќе се користат во функција на остварување на целите на дистрибуција.
  • Самостојно развива стратегија и тактика во врска со цените како инструмент на маркетингот.
  • Самостојно развива стратегија за маркетинг преку социјални медиуми, имајќи ја предвид дигиталната маркетинг-стратегија.
  • Самостојно развива креира содржини за различни медиуми и применува маркетинг на содржина со фокус на социјалните медиуми.

Самостојно да:

  • Покажува способност за набљудување на маркетинг-процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси.
  • Покажува способност за набљудување на однесувањето на потрошувачите и факторите кои што влијаат врз него.
  • Покажува способност за набљудување на маркетинг-процесите кои се специфични кај услугите и за идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси.
  • Покажува способност за анализа на маркетинг-комуникациските активности, за креирање маркетинг- комуникациска порака и за испраќање на пораката прилагодена на одделните инструменти и медиуми.
  • Покажува способност за анализа на одделните маркетинг-стратегии и за интерпретација на резултатите од применетите маркетинг-стратегии.
  • Покажува способност за развивање на план за комуникација со целните групи јавност, за користење на податоци за купувачите заради селектирање на купувачите, креирање директна-комуникациска порака и примена на е-маил маркетинг-кампања
  • Покажува способност за идентификување и прибирање релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на маркетинг-појавите и процесите.
  • Демонстрира способност за идентификување на релевантни податоци и методи и алатки за анализа на податоците кои може да се обезбедат преку социјалните медиуми.
  • Демонстрира способност за имплементирање на стратегиите за позиционирање во одделните фази од животниот циклус на производот.
  • Покажува способност за анализа и примена на глобалните маркетинг-стратегии.Демонстрира способност за анализа и проценка на стратегиите и тактиките во врска со цените како инструмент на маркетингот.
  • Демонстрира способност за анализа и имплентација на маркетинг-активностите преку социјални медиуми и за креирање соодветна маркетинг-содржина наменета за офлајн и онлајн медиумите за комуникација.

Комуникациски вештини:

  • Поседува способности за професионална дискусија во насока на аргументирање на предностите и слабостите на одделните маркетинг-стратегии и интерпретирање на очекуваните резултати од предложената маркетинг-стратегија.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува способности за презентирање и интерпретирање на резултатите од анализата на податоците од социјалните медиуми пред носителите на маркетинг-одлуки.
  • Демонстрира способност за презентирање на одлуките во врска со стратегиите и тактиките на цени, производ и дистрибуција како инструменти на маркетинг-миксот.
  • Поседува способности за презентирање на одлуките во врска со изборот и примената на соодветни маркетинг-комуникациски инструменти, соодветни медиуми за комуникација, како и одлуки во врска со пораката.
  • Поседува способности за презентирање на одлуките во врска комуникацијата со одделните групи јавност, во врска со директната комуникациска порака и маркетинг-активностите преку е-маил врз основа на систематизирани податоци за купувачите.
  • Демонстрира способност за презентирање на одлуките во врска со маркетингот преку социјални медиуми и маркетингот преку содржина за различни медиуми.

Вештини за учење:

  • Ги препознава сопствените интереси во областа на маркетингот воопшто и на маркетинг на услуги, како во областа на однесувањето на потрошувачите и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на планираните маркетинг-активности, маркетинг-стратегии и очекуваните и планираните маркетинг-резултати и нуди оригинални решенија и предлози во врска со маркетинг-стратегијата и тактиката.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи и методи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на маркетинг-активностите во врска со производот, цената, дистрибуцијата и маркетинг-комуникациите како инструменти на маркетингот, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача во врска со маркетинг-миксот.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на комуникациите со одделните групи јавност, како и за маркетинг–активностите врз основа на податоците за купувачите, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача во различни теми од областа на комуникациите.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на одлуките во врска со маркетингот преку социјални медиуми како интегрален дел на дигиталниот маркетинг.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на креативните решенија за различни медиуми и на активностите во врска со маркетингот на содржина.

Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Маркетинг.

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
ECN 110Основи на економијатаПрв / Зимски607.5
ACC 110Основи на сметководствоПрв / Зимски427.5
MST 110Математика за економистиПрв / Зимски427.5
Изборен наставен предметПрв / Зимски4//62 / 07.5
EBU 110Основи на е-бизнисВтор / Летен427.5
INT 110Трговско правоВтор / Летен427.5
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор / Летен427.5
Изборен наставен предметВтор / Летен4//62/07.5
Изборени предмети
MGT 120Бизнис етикаПрв / Зимски607.5
INT 120Деловен англиски јазикПрв / Зимски427.5
ECN 120Вовед во економија на животната срединаВтор / Летен607.5
MGT 130Организациско однесувањеВтор / Летен427.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделент фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MKT 210Основи на маркетингТрет / Зимски427.5
MKT 220Однесување на потрошувачитеТрет / Зимски427.5
MGT 210Основи на менаџментТрет / Зимски607.5
Изборен наставен предметТрет / Зимски4//62 / 07.5
MKT 230Управување со маркетинг каналиЧетврти / Летен427.5
MKT 240Интегрирани маркетинг-комуникацииЧетврти / Летен427.5
MGT 430Бизнис комуникацииЧетврти / Летен427.5
Изборен наставен предметЧетврти / Летен4//62 / 07.5
Изборни предмети
EBU 210Дигитална економијаТрети427.5
ECN 240Економика на МакедонијаТрети607.5
FIN 230Јавни финансииТрети607.5
MGT 240Менаџмент на човечки ресурсиТрети427.5
ECN 220МикроекономијаТрети607.5
MST 250Статистичка контрола на квалитетотТрети427.5
ACC 210Финансиско сметководствоТрети427.5
ECN 270Бихевиористичка економија (Економија и психологија)Четврти607.5
EBU 240Дигитални иновацииЧетврти427.5
MST 210Економска статистикаЧетврти427.5
EBU 230Информациони технологииЧетврти427.5
INT 210Меѓународна економијаЧетврти607.5
INT 220Meѓународни организации и интеграцииЧетврти427.5
MGT 260Менaџерско одлучување и решавање на проблемиЧетврти607.5
MGT 230Менаџмент на мал бизнисЧетврти607.5
MST 220Основи на бизнис аналитикаЧетврти427.5
FIN 220Пари и банкарствоЧетврти607.5
MGT 250Проект менаџментЧетврти427.5
ACC 220Управувачко сметководство 1Четврти427.5
FIN 210Финансиски пазари и институцииЧетврти607.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MKT 310Маркетинг-менаџментПетти / Зимски427.5
MKT 320Управување со иновации и производПетти / Зимски427.5
MKT 330Маркетинг-истражувањеПетти / Зимски427.5
Изборен наставен предметПетти / Зимски4//62 / 07.5
MKT 340Маркетинг на услугиШести / Летен427.5
MKT 350Политика на цениШести / Летен427.5
EBU 220Дигитален маркетингШести / Летен427.5
Изборен наставен предметШести / Летен4//62 / 07.5
Изборни предмети
EBU 310Бази на податоци за бизнисПетти / Зимски427.5
INT 310Европски економски интеграцииПетти / Зимски607.5
ECN 330ЕконометријаПетти / Зимски427.5
ECN 310Економија на инвестицииПетти / Зимски607.5
ECN 320Економски раст и развојПетти / Зимски607.5
FIN 310Меѓународни финансииПетти / Зимски607.5
MGT 320Менаџмент информациони системиПетти / Зимски607.5
INT 340Надворешна трговијаПетти / Зимски607.5
MGT 310Стратегиски менаџментПетти / Зимски607.5
MST 310Анализа на временски серииШести / Летен427.5
MGT 330Бизнис планирање и претприемништвоШести / Летен427.5
INT 320Внатрешен пазар на ЕУШести / Летен607.5
EBU 330Дизајн и развој на вебШести / Летен427.5
ECN 391Економија на иновацииШести / Летен607.5
EBU 340Менаџмент на бизнис процесиШести / Летен427.5
MGT 340Менаџмент на перформансиШести / Летен427.5
EBU 350Програмирање на бизнис апликацииШести / Летен427.5
ECN 350Развој на економската мислаШести / Летен607.5
ACC 330РевизијаШести / Летен427.5
FIN 320Хартии од вредност и портфолио менаџментШести / Летен607.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MKT 410Меѓународен маркетингСедми / Зимски427.5
MGT 390Финансиски менаџментСедми / Зимски607.5
EBU 320Бизнис логистикаСедми / Зимски427.5
Изборен наставен предметСедми / Зимски4//62 / 07.5
MKT 420Креативност и маркетинг на содржинаОсми / Летен427.5
MKT 430Аналитика на социјални медиумиОсми / Летен427.5
MKT 440Маркетинг преку социјални медиумиОсми / Летен427.5
Изборен наставен предметОсми / Летен4//62 / 07.5
DIPL5000Дипломски трудОсми / Летен3
Изборни предмети
EBU 440Аналитика на бизнис податоциСедми / Зимски427.5
FIN 410Банкарски менаџментСедми / Зимски607.5
EBU 410ЕРП системиСедми / Зимски427.5
ECN 460Индустриска политикаСедми / Зимски607.5
MST 420Квантитативни методи во финансииСедми / Зимски427.5
MGT 470Меѓународен менаџментСедми / Зимски427.5
INT 410Меѓународен транспорт и логистикаСедми / Зимски607.5
MGT 420Оперативен менаџментСедми / Зимски607.5
MGT 450Операциони истражувања и машинско учење за менаџментСедми / Зимски607.5
EBU 430Системска анализа и дизајн на информациски системиСедми / Зимски427.5
MKT 450Современи теми од комуникацииОсми / Летен427.5
ACC 420Анализа на финансиски извештаиОсми / Летен427.5
ECN 410Државна регулација на бизнисотОсми / Летен427.5
EBU 450Е-бизнис дистрибутивни каналиОсми / Летен427.5
FIN 450Избрани теми од финансииОсми / Летен427.5
ACC 430Интерна ревизијаОсми / Летен427.5
INT 420Меѓународно трговско правоОсми / Летен427.5
MGT 410Менаџмент во осигурувањеОсми / Летен427.5
EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачиОсми / Летен427.5
MGT 440Менаџмент на промениОсми / Летен427.5
INT 430Монетарна и фискална политика во ЕУОсми / Летен607.5
ECN 450Применета економетријаОсми / Летен427.5
FIN 440Применети финансии со ЕкселОсми / Летен607.5
MST 430Финансиска и актуарска математикаОсми / Летен427.5

ЛИНК до Маркетинг – студиска програма 2017/2018