Наслов на наставниот предмет | Корпоративно управување |
Код | CFM 516 |
Професор | Проф. д-р Горан Коевски Проф. д-р Стојан Дебарлиев |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:
- Да ги објаснат и дискутираат концептите, теориите и различните модели на корпоративно управување во споредбената корпоративна практика (англосаксонски и континентален модел);
- Да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со корпоративното управување, како релативно нов концепт во компаниското право;
- Да ги анализираат факторите и оценуваат концептите кои влијаат на создавање на позитивни практики на добро корпоративно управување во акционерските друштва;
- Да ги интегрираат добиените знаења од различните концепти и модели на корпоративно управување во ефективни корпоративни одлуки;
Содржина на предметната програма:
- Поимно определување на корпоративното управување
- Содржина на поимот и на концептот на корпоративно управување и сличности и разлики со други сродни научни области
- Интерни (структура на акционерска сопственост, поделба на моќ помеѓу корпоративните органи) и екстерни (надворешни извори на финансирање, развиеност на пазарот на капитал, заштита на правата на акционерите) услови кои го определуваат конкретниот модел на корпоративно управување
- Англосаксонски и континентален модел на корпоративно управување и нивни основни карактеристики
- Трендови на развој на современото корпоративно управување и можности за конвергенција на различните модели на корпоративно управување
- Правно уредување на корпоративното управување (споредбено-правна анализа)
- Корпоративното управување воРепублика Северна Македонија на општо ниво и по специфични дејности – осигурување, банкарство
- Рангирање на корпоративното управување
- Улогата на институционалните инвеститори во корпоративното управување