Наслов на наставниот предмет | Корпоративно финансиско известување |
Код | ACC 310 |
Професор | Проф. д-р Атанаско Атанасовски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни да:
- Ги разбираат основните концепти, принципи и барања на меѓународните стандарди за финансиско известување.
- Евидентираат најразлични трансакции, сочинуваат финансиски извештаи и обелодуваат информации во белешките кон финансиските извештаи.
- Ги проценуваат ефектите од економските и сметководствени настани и трансакции.
- Ги разбираат потребите на корисниците на финансиските извештаи во корпорацијата и надвор од неа.
- Го подигнат и изградат своето етичко ниво.
Содржина на предметната програма:
- Регулаторнa и концептуална рамка на финансиското известување.
- Презентирање на финансиските извештаи за општа намена
- Известување за нетековни материјални средства
- Нематеријални средства
- Обезвреднување на средствата
- Залихи и договори за изградба
- Известување за посебни сметководствени настани кои влијаат на резултатот
- Резервирања неизвесни обврски и неизвесни средства
- Финансиски средства и обврски
- Сметководство за наеми
- Приходи и нивно признавање според МСФИ
- Сметководство за даноци
- Консолидирани финансиски извештаи
- Заработка по акција
- Извештај за паричен тек
- Анализа на финансиски извештаи подготвени според МСФИ
Корпоративно финансиско известување – предметна програма 2022/23