Локални финансии

Наслов на наставниот предметЛокални финансии
Код FIN 240
ПрофесорПроф. Д-р Сузана Макрешанска Младеновска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

Основна цел на предметната програма е да се запознаат студентите со основните принципи на локалните финансии и фискалната децентрализација. По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да се способни да:

  • ја идентификуваат улогата на локалните власти во економијата;
  • ги разликуваат локалните од националните јавни добра и услуги;
  • ги разберат концептот на оптимална локална понуда и цената на локалните добра и услуги;
  • ги објаснат целите на фискалната децентрализација и нејзините придобивки;
  • ги евалуираат алтернативните начини на финансирање на локалните власти;
  • ги анализираат ефектите од дотациите и фискалната еквилизација;
  • дискутираат на теми поврзани со фискалната децентрализација во Р. Македонија;
  • ги анализираат буџетите на единиците на локалната самоуправа во Р. Македонија.

Содржина на предметната програма:

  1. Државата и пазарните неуспеси: екстерналии, јавни добра, природни монополи
  2. Побарувачка и понудата на локални јавни добра и услуги
  3. Определување на цената на локалните јавни добра: кориснички надоместоци
  4. Локални аспекти на даноците на имот и даночна капитализација
  5. Фискална децентрализацијата: мерење и ефекти
  6. Распределба на функциите на државата и улогата на локалните власти
  7. Распределба на приходни извори помеѓу централната и локалните власти
  8. Фискална еквилизација и дотации
  9. Задолжување на локалните власти
  10. Локалната самоуправа и децентрализацијата во Р. Македонија

Локални финансии – предметна програма 2022/23