Цели на студиската програма
Студиската програма има за цел студентите да стекнат:
- продлабочени знаења за теоретските аспекти, стратегиите и практичната примена на маркетингот;
- способности и вештини за анализа и имплементација на современи маркетинг стратегии.
Современото пазарно окружување се карактеризира со интензивни промени. Глобализацијата, новите информациски технологии, дигиталните канали на дистрибуција и комуникација значително ја менуваат перспективата на маркетингот. Очекувањата на потрошувачите се трансформираат со брзо темпо, пред сè поради зголемениот пристап до информации врз основа на кои тие ги носат своите одлуки за купување. За да ги задоволат и надминат овие очекувања, компаниите имаат потреба од стручни кадри со знаење и практични компетенции од областа на маркетингот.
Важност и структура на програмата
Програмата на втор циклус студии по Маркетинг е дизајнирана да им овозможи на студентите да ги трансформираат пазарните можности и предизвици во конкурентски предности за институциите во кои ќе работат.
Студиската програма нуди знаења и вештини кои се компатибилни со современите пазарни предизвици и кои се клучни за:
- дизајнирање нови производи и услуги,
- спроведување маркетинг-истражувања и анализа на податоци,
- развој и реализација на маркетинг-комуникациски активности,
- креирање маркетинг стратегии во јавниот и приватниот сектор.
Програмата е структурирана така што им овозможува на студентите да стекнат квалификации од пошироката област на маркетингот, подготвувајќи ги за работа во различни кариерни дисциплини: рекламирање и комуникации, дигитален маркетинг, развој на производи, бренд-менаџмент, иновации, стратегиски маркетинг и маркетинг-истражување.
Кариерни можности
По завршувањето на студиите, студентите ќе бидат подготвени за успешна кариера во:
- приватниот сектор (мали и средни претпријатија, големи корпорации, странски застапништва),
- јавниот сектор,
- банки и финансиски институции,
- маркетинг и ПР агенции,
- агенции за истражување на пазарот,
- високообразовни и научно-истражувачки институции.
Компетенции на магистрантите
Магистрантите ќе стекнат способности и квалификации за:
- креирање стратегии за настап на пазарот,
- развој на иновативни производи и иницијативи,
- примена на квалитативни и квантитативни методи за маркетинг-истражување,
- презентирање и интерпретација на резултати од истражувања,
- планирање и спроведување на маркетинг-комуникациски активности,
- анализа на податоци од социјални медиуми,
- развој на дигитални маркетинг-стратегии,
- анализа на меѓународното пазарно окружување,
- дефинирање ефективни политики на цени.
Со стекнатите знаења и практични вештини, студентите од оваа студиска програма ќе бидат целосно подготвени да придонесат кон развојот и унапредувањето на современите маркетинг практики во секоја институција и сектор.
Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
Задолжителни предмети | |||||
МКТ 541 | Принципи на маркетинг | Прв | 24 | 16 | 6 |
МКТ 546 | Маркетинг-менаџмент | Прв | 24 | 16 | 6 |
МКТ 547 | Методи на маркетинг-истражување | Прв | 24 | 16 | 6 |
MKT 544 | Иновација на производ | Прв | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Изборен предмет | Втор | 24 | 16 | 6 | |
Магистерски труд | Магистерски труд | 18 | |||
Изборни предмети | |||||
MKT 542 | Однесување на потрошувачите | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 543 | Маркетинг-комуникации и брендирање | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 545 | Дистрибуција со методи на продажба | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 548 | Меѓународен маркетинг | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 549 | Маркетинг на услуги | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 5410 | Стратегии на цени | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 5411 | Дигитален маркетинг и интернет технологии | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 5412 | Невромаркетинг | Втор | 24 | 16 | 6 |
МКТ 5413 | Аналитика на социјални медиуми | Втор | 24 | 16 | 6 |