Маркетинг-истражување

Наслов на наставниот предметМаркетинг-истражување
Код МКТ 330
ПрофесорПроф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

Стекнување знаења за улогата на маркетинг истражувањето во процесот на донесување маркетинг-одлуки
Стекнување знаења за институциите на маркетинг истражување и начинот на нивно организирање
Стекнување знаења за одделните фази од процесот на маркетинг истражување
Стекнување на знаења и вештини за самостојно спроведување на маркетинг истражувачки проект
Стекнување знаење за одделните квалитативни и квантитативни методи за маркетинг истражување

Содржина на предметната програма:

Целта на наставата по овој предмет е студентите да се стекнат со знаења и вештини во врска со процесот на маркетинг истражување и одделните фази од тој процес. Во таа насока се разработува дефинирањето на проблемот; одделните типови истражувачки проекти; видовите податоци и нивните извори; методите за собирање податоци; формите за собирање податоци; одделните типови примероци; начините за обработка и анализа на собраните податоци и на крај се обработуваат правилата за подготвување извештај од спроведеното истражување. Согласно маркетинг концептот, се обработуваат и одделните методи за применето истражување на инструментите на маркетинг – миксот.

Дел I Вовед во маркетинг истражувањето
1.Детерминирање на маркетинг истражувањето
2. Носители на маркетинг истражувањето

Дел II Процес на маркетинг истражување
3. Истражувачки процес
4. Дефинирање на проблемот
5. Истражувачки проект
6. Определување на карактерот на податоците и нивните извори
7. Методи за собирање податоци
8. Форми за собирање податоци
9. Метод на примерок
10. Обработка и анализа на податоците
11. Извештај од спроведеното истражување

Дел III Применето истражување
12. Избрани теми

Маркетинг-истражување – предметна програма 2022/23