Маркетинг-менаџмент

Наслов на наставниот предметМаркетинг-менаџмент
Код МКТ 310
ПрофесорПроф. д-р Анита Циунова-Шулеска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,:

  • Студентот треба да биде оспособен да направи анализа на деловното портфолио на претпријатието.
  • Студентот треба да биде оспособен да направи SWOT анализа врз основа на анализа на екстерната и интерната околина на претпријатието.
  • Студентот треба да ја дефинира маркетинг-стратегијата и маркетинг-тактиката преку познавање на основните инструменти на маркетингот и концептите на сегментирање, таргетирање и позиционирање.
  • Студентот треба да биде оспособен да донесува најдобри одлуки во врска со маркетинг-активностите преку испитување на финансиските и другите ефекти од тие одлуки.
  • Студентот треба да ги разбира основните видови маркетинг-контрола и истите да ги примени во оценката на остварувањето на планираните резултати.

Содржина на предметната програма:

Намерата на наставата по предметот е студентите да добијат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, односно за маркетинг-околината и нејзината динамичност, маркетинг-планирањето, маркетинг-одлуките кои менаџерите ги донесуваат во врска со стратегиите, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата. Тргнувајќи од потрошувачот и неговите потреби и желби потребно е да се донесат правилни стратегиски и тактички маркетинг-одлуки како на ниво на претпријатие, така и на пониско организационо ниво за претпријатието во целост да одговори на барањата на потрошувачите.

  1. Разбирање на маркетинг-менаџментот
  2. Стратегиско и маркетинг-планирање
  3. Поврзување со потрошувачите
  4. Градење силни брендови
  5. Креирање пазарни понуди: дефинирање стратегии на производ и цени
  6. Испорачување вредност
  7. Комуникации во врска со вредноста
  8. Организација и контрола на маркетинг-активностите

Маркетинг-менаџмент – предметна програма 2022/23