Маркетинг на услуги

Наслов на наставниот предметМаркетинг на услуги
Код МКТ 340
ПрофесорПроф. д-р Снежана Ристевска-Јовановска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да ги идентификуваат карактеристиките на услугите, преку идентификување на елементите според кои тие се разликуваат од производите, а кои се објаснети во рамки на материјата
  • Детално да ги разберат инструментите на маркетингот на услуги преку поврзување на изложената материја, анализа на практични примери и изработка на проекти
  • Да ги споредат и вреднуваат различните маркетинг стратегии од аспект на нивната специфичност кај услугите

Содржина на предметната програма:

Намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на услужните претпријатија и како таа функционира во практиката. Поаѓајќи од неопходноста од примена на маркетингот во услужните претпријатија, мора да се имаат предвид разликите помеѓу услугите и производите, а оттаму и специфичностите на маркетингот на услугите. Во денешните услови, кога услужните дејности бележат постојан пораст, не може да се занемари маркетинг пристапот во работењето на услужните претпријатија и задоволувањето на барањата на потрошувачите преку добра маркетинг програма. Исто како и кај производните претпријатија, така и кај услужните претпријатија, доброто управување со маркетингот на услугите е основа за успешно пазарно работење.

  1. Услуги и услужен сектор
  2. Потрошувачите како корисници на услуги
  3. Комуникациски микс на услугите
  4. Дистрибуција на услугите
  5. Ценовна политика на услугите
  6. Физички параметри (докази)
  7. Кадрите во услужната индустрија
  8. Продуктивност и квалитет на услугите
Маркетинг на услуги – предметна програма 2022/23