Математика за економисти

Наслов на наставниот предметМатематика за економисти
КодMST 110
ПрофесорПроф. д-р Игор Ивановски
Проф. д-р Виолета Цветкоска
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

  • да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на основните и напредните математички постапки и методи при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика.
  • да развијат квантитативно аналитичка способност, за понатамошно учество во практични истражувања, од аспект на квантитативното изразување на појавите и проблемите од економската теорија и пракса
  • да бидaт способни за ефективно совладување и развивање на наставната програма во следните предмети, пред се во делот на апликативната економија и квантитативните процеси на макро и микро ниво да  се  стекнaт  со  конкретна  и  апликативна  способностзадлабинско  и
  • холистичкоквантитативноанализирање и изградба на логички инструментариум за решавање на сложените проблеми.
  • да се стекнат со знаења за континуиран систем за емпириска интерпретација на економските податоци и резултати

Содржина на предметната програма:

Предметот овозможува осознавање на основните теоретски и апликативните знаења и концепти за низите и редовитеконцептот на гранична вредност, основите на комбинаториката, биномни и триномни серии, изучување на апликацијата на класичната и статистичката веројатност, елементите на линеарната алгебра и векторската анализа, интегрираните аспекти на калкулусот во делот на анализата на мултиваријабилните функции преку изучување на дериватите и неопределените и определените интеграли и апликацијата на развивањето на Маклореновиот и Тејлоровиот ред, како и воведните знаења за емпириско дефинираните функции (со линеарна, логаритамска, експоненцијална, параболична и хиперболична зависност), апликацијата на концептот на простото вкаматување во економијата и особено на имплементацијата на сложеното дискретно(декурзивно и антиципативно) и континуелното вкаматување во долгорочните финансиски операции, преку изучување на концептот на идна и дисконтирана вредност, периодичните вложувања и периодични ренти и моделите на кредити, со различните комбинации на декурзивно и антиципативно вкаматување и еднакви и заокружени ануитети.

Математика за економисти