МБА Менаџмент– втор циклус студии 2017/2018

Цел на студиската програма на втор циклус студии – МБА Менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката.

За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Листа на задолжителни и изборни премети на Втор циклус МБА Менаџмент

  1. Четири задолжителни предметиутврдени со студиската програма според семестари на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
  2. Два изборни предмети утврдени со студиската програма според семестари на студирање ( 30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
  3. Еденизборен предмет (10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Ги разбира значењето и содржината на менаџментот, менаџерите и функциите на менаџмент;
  • Покажува знаење за структурирањето, функционирањето и развојот на организацијата, како и важноста на организациската култура и потребата од акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој како единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови;
  • Ги разбира елементи на стратегиската анализа, избор на соодветна стратегија и проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија;
  • Демонстрира знаења за современите и напредни концепции за управување со човечките ресурси, како и различни концепти за однесувањето и процесот на мотивација на луѓето во организацијата;
  • Ја разбира улогата на информацијата и информационата технологија во менаџментот во современиот бизнис;
  • Стекнува продлабочени знаења од специфични областа на функционирањето на претпријатијата, како што се: управувањето со финансиските средства во рамките на претпријатието; управување со маркетинг активностите важни за реализација на општата и маркетинг стратегијата на претпријатието; управувањето со малите претпријатија и претприемништвото; и стратегиските и оперативни аспекти на функционирање  во контекст на меѓународниот менаџмент.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
  • Оспособување и усовршување на стручни кадри – менаџери за решавање на мошне сложените проблеми настанати со измените на состојбите во претпријатијата и окружувањето;
  • Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемчиви, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
  • Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век;

Способност за проценка:

  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.

Комуникациски вештини

  1. Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  2. Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката.

Квалификација која се стекнува:

Магистер по организациони науки и управување (менаџмент) од областа на МБА Менаџмент

СеместарШифраПредметЧасовиКредитиПредавачи
1MGT 518Организациско однесување407Љубомир Дракулевски
1MGT 512Маркетинг менаџмент407Анита Циунова-Шулеска
1MGT 514Менаџмент информациони системи407Никола Левков
1MGT 520Менаџмент на промени407Леонид Наков
1SHR 510Стратегиски менаџмент на човечки ресурси407Љупчо Ефтиомов
1MBA-UKIMИзборен предмет од Листа на УКИМ2
2MGT 519Нови можности и претприемништво407Стојан Дебарлиев
2MGT 515Менаџмент на мал бизнис407Александра Јанеска-Илиев
2MGT 517Меѓународен менаџмент407Љубомир Дракулевски
2SHR 580Теорија на организација407Кирил Постолов