Наслов на наставниот предмет | Менаџмент во осигурувањето |
Код | CFM 522 |
Професор | Проф. д-р Игор Ивановски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
поседуваат напредни и апликативни знаења и вештини за осигурувањето како специфичен процес за идентификување, квантифицирање, превземање, трансфер и обештетување на ризикот • да се стекнат за напредни и апликативни знаења за глобалната и националната осигурителна индустрија • да се обучат за управување со осигурителните производи во неживотното и животното осигурување и реосигурување • Да стекнат со напредни знаења, компаративни искустав и најдобри практики за корпоративните стратегии и модели во осигурителната индустрија и со неа поврзаните индустрии • да стекнат апликативни менаџерски знаења и способности за управување и работа во осигурителните компании и интермедијари, пензиските друштва и здравствените фондови, како и со институциите со надлежност за регулација и супервизија на осигурувањето, здравственото, пензиското и капитално финансираното пензиско осигурување.
Содржина на предметната програма:
- Основни елементи и функции на осигурувањето
- Управување со ризик во осигурувањето
- Концепт и механизам на осигурување
- Технички основи на осигурувањето
- Функции на осигурувањето
- Микроекономски функции на осигурувањето
- Макроекономски функции на осигурувањето
- Интеракции на осигурувањето во финансискиот систем
- Видови, напредни елементи и операции во осигурувањето
- Неживотно осигурување
- Животно осигурување
- Реосигурување
- Пензиско осигурување
- Капитално финансирано пензиско осигурување
- Здравствено осигурување
- Организација и институции на осигурителната индустрија
- Осигурителни компании
- Осигурителни интермедијатори и дистрибутивни канали
- Регулација и супервизија на осигурителната индустрија
- Пензиски фондови и пензиски друштва
- Регулација и супервизија на пензиските системи
- Фондови за здравствено осигурување
- Управување со осигурителни фондови
- Модели на корпоративно управување во осигурителните фондови
- Корпоративни стратегии за ризик во осигурувањето
- Менаџерски аспекти во управувањето со понудата и побарувачката на осигурителни производи
- Аспекти на деловната етика во осигурувањето
- Управување со иновациите во осигурителната индустрија
- Маркетинг во осигурувањето
- Улогата на маркетингот во осигурителната култура и активност
- Апликација на технолошките аспекти во маркетингот во осигурувањето
- Практични случаи(студии на случај) во осигурителната индустрија