Менаџмент информациони системи

Наслов на наставниот предметМенаџмент информациони системи
Код MGT 320
ПрофесорВонреден професор Никола Левков
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • да можат да ја разберат новата економија во контекст на инфoрмaциската револуција
  • да ја разберат улогата на информациите и информационите системи во унапредување на конкурентската предност на компаниите
  • да развијат информациона стратегија во согласност со бизнис стратегијата на компанијата
  • да ја разберат улогата на ИКТ инфраструктурата и архитектурата во современите организации
  • да креираат концептуален и логички дизајн на податоци со ЕРД дијаграми и табели
  • да ги разберат бизнис апликации како: системи за управување со синџирот на снабдување, системи за управување со односите на клиентите, системи за планирање на ресурсите
  • да го разберат менаџментот на ИКТ системите и нивното буџетирање
  • да развијат издржан бизнис случај за имплементација на проекти во доменот на информационите системи.
  • да ги разберат етичките и безбедносните аспекти на инфорамционите системи
  • да ги разберат новите трендови во електронската трговија и финансиската технологија

Содржина на предметната програма:

  • Информациска револуција – основа на дигиталната и мрежно поврзаната економија
  • Стратегиска улога на информационите системи во глобалниот бизнис
  • Информации, информациони системи и одлучување
  • Менаџмент со ИКТ инфраструктура и архитектура
  • Клучни системски апликации за дигиталната ерa
  • Електронска трговија, дигитални пазари и дигитални производи
  • Менаџмент на знаење, бизнис разузнување и донесување на одлуки
  • Етички и безбедносни аспекти на информационите системи
  • Економика на информационите системи
  • Менаџмент со ИКТ проекти
  • Развој на информационите системи
  • Влијание на информационата технологија врз индивидуите, организациите и општеството

Менаџмент информациони системи – предметна програма 2022/23