Менаџмент и претприемништво

 Целта на оваа студиска програма е да овозможи создавање на специјализиран кадар кој ќе ги познава и имплементира современите принципи на управување со компаниите, процесите, човечките ресурси и останатите компоненти на деловните системи и ќе биде во состојба да одговори на барањата на раководните и управувачки позиции на различни нивоа во компаниите. Со најновите промени, програмата по Менаџмент и претприемништво настојува да одговори на нараснатата социо-економска потреба од подигнување на претприемничкиот, иновативниот и проактивниот дух кај младите луѓе, кои со поголема храброст би се впуштиле во деловни потфати, процес кој го отсликува целокупниот деловен амбиент во Европа и светот во денешно време.

Компетенциите со кои треба да располага студентот кој дипломирал на департманот Менаџмент и претприемништво се сумирани во следново:

  • Да поседува знаење и разбирање од специфични области на функционирањето на претпријатијата, како што се: производниот менаџмент; деловната етика, планирањето, управувањето со човечките ресурси, управувањето со финансиските средства; управувањето со малите претпријатија и стратегиските аспекти и многу други, во контекст на домашниот и меѓународниот менаџмент.
  • Ја применува методологијата и методите за подготовка и изработката на стратегиските, бизнис и тековните планови во претпријатието;
  • Умее да ги идентификува потенцијалните можност за бизнис и да ја процени нивната исплатливост;
  • Знае да го одреди местото на луѓето во организационата структура, да ја разбере и да ја стимулира мотивацијата во работата, а се со цел да прерасне во вистински лидер на поединците и групите во организацијата;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и да управува со информациите и знаењето во организациите, со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности;
  • Да дизајнира соодветна организациска структура и да ги идентификува потребите за обука и развој на вработените, со предлози на решенија за конретни организациски проблеми.
  • Умее да ги анализира и оценува влијанијата на различните економски, социјални, правни и глобални фактори врз водењето на бизнисот.
  • Способен е да ги презентира своите идеи, работни постапки и резултатите од својата работа;
  • Ги владее говорничките вештини со цел да биде вешт и пријатен говорник и соговорник;
  • Поседува знаења неопходни за анализа на исплатливоста на проектите, планирање и раководење со проекти, како и управување со проектни тимови;
  • Способност за дискусија на широк опсег теми од областа на менаџментот, како и за анализа конкретни студии на случај од бизнис – практиката.

КодПредметСеместарНеделен фонд за часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
ECN 110Основи на економијатаПрв / Зимски607.5
MST 110Математика за економистиПрв / Зимски427.5
ACC 110Основи на сметководствоПрв / Зимски427.5
Изборен наставен предметПрв / Зимски6(4)0(2)7.5
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор / Летен427.5
MGT 130Организациско однесувањеВтор / Летен427.5
INT 110Трговско правоВтор / Летен427.5
Изборен наставен предметВтор / Летен6(4)0(2)7.5
Изборни предмети
INT 120Деловен англиски јазикПрв / Зимски427.5
MGT 120Бизнис етикаПрв / Зимски607.5
EBU 110Основи на е-бизнисВтор / Летен427.5
ECN 120Вовед во економија на животната срединаВтор / Летен607.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MGT 210Основи на менаџментТрет / Зимски607.5
MKT 210Основи на маркетингТрет / Зимски427.5
MGT 240Менаџмент на човечки ресурсиТрет / Зимски427.5
MGT 270Теорија на организацијаТрет / Зимски607.5
MGT 230Менаџмент на мал бизнисЧетврти / Летен607.5
ACC 220Управувачко сметководство 1Четврти / Летен427.5
MGT 250Проект менаџментЧетврти / Летен427.5
Изборен наставен предметЧетврти / Летен6(4)0(2)7.5
Изборни предмети
MGT 260Менaџерско одлучување и решавање на проблемиЧетврти / Летен427.5
ECN 260Економија на трудотЧетврти / Летен427.5
ECN 270Бихевиористичка економија (Економија и психологија)Четврти / Летен607.5
ECN 250Управување со системиЧетврти / Летен427.5
EBU 220Дигитален маркетингЧетврти / Летен427.5
EBU 240Дигитални иновацииЧетврти / Летен427.5
FIN 220Пари и банкарствоЧетврти / Летен607.5
FIN 210Финансиски пазари и институцииЧетврти / Летен607.5
INT 210Меѓународна економијаЧетврти / Летен607.5
MKT 240Интегрирани маркетинг-комуникацииЧетврти / Летен427.5
MKT 230Управување со маркетинг каналиЧетврти / Летен427.5
MST 210Економска статистикаЧетврти / Летен427.5
MST 220Основи на бизнис аналитикаЧетврти / Летен427.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНедлен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MGT 310Стратегиски менаџментПетти / Зимски607.5
MGT 320Менаџмент информациони системиПетти / Зимски607.5
MGT 390Финансиски менаџментПетти / Зимски607.5
Изборен наставен предметПетти / Зимски6(4)0(2)7.5
MGT 330Бизнис планирање и претприемништвоШести / Летен427.5
MGT 380Менаџмент на ризикШести / Летен427.5
MGT 340Менаџмент на перформансиШести / Летен427.5
Изборен наставен предметШести / Летен6(4)0(2)7.5
Изборни предмети
ECN 310Економија на инвестицииПетти / Зимски607.5
ECN 330ЕконометријаПетти / Зимски427.5
EBU 310Бази на податоци за бизнисПетти / Зимски427.5
EBU 320Бизнис логистикаПетти / Зимски427.5
FIN 310Меѓународни финансииПетти / Зимски607.5
INT 310Европски економски интеграцииПетти / Зимски607.5
INT 340Надворешна трговијаПетти / Зимски607.5
MKT 310Маркетинг-менаџментПетти / Зимски427.5
MKT 320Управување со иновации и производПетти / Зимски427.5
MKT 330Маркетинг-истражувањеПетти / Зимски427.5
ACC 310Корпоративно финансиско известувањеПетти / Зимски427.5
ECN 391Економија на иновацииШести / Летен607.5
EBU 330Дизајн и развој на вебШести / Летен427.5
EBU 340Менаџмент на бизнис процесиШести / Летен427.5
EBU 350Програмирање на бизнис апликацииШести / Летен427.5
FIN 320Хартии од вредност и портфолио менаџментШести / Летен607.5
FIN 340Хартии од вредност и портфолио менаџментШести / Летен607.5
INT 320Внатрешен пазар на ЕУШести / Летен607.5
INT 340Маркетинг на услугиШести / Летен427.5
MKT 350Политика на цениШести / Летен427.5
ACC 330РевизијаШести / Летен427.5
ACC 320Управувачко сметководство 2Шести / Летен427.5
MST 310Анализа на временски серииШести / Летен427.5

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд на часовиЕКТС
ПВ
Задолжителни предмети
MGT 420Оперативен менаџментСедми / Зимски607.5
MGT 470Меѓународен менаџментСедми / Зимски427.5
MGT 450Операциони истражувања и машинско учење за менаџментСедми / Зимски607.5
Изборен наставен предметСедми / Зимски6(4)0(2)7.5
MGT 440Менаџмент на промениОсми / Летен427.5
MGT 430Бизнис комуникацииОсми / Летен427.5
MGT 410Менаџмент во осигурувањеОсми / Летен427.5
Изборен наставен предметОсми / Летен6(4)0(2)7.5
DIPL5000Дипломска работа*Осми / Летен3**
Изборни предмети
ECN 420Економија на јавниот секторСедми / Зимски607.5
ECN 460Индустриска политикаСедми / Зимски607.5
EBU 410ЕРП системиСедми / Зимски427.5
EBU 430Системска анализа и дизајн на информациски системиСедми / Зимски427.5
FIN 410Банкарски менаџментСедми / Зимски607.5
FIN 430Европски финансиски системСедми / Зимски607.5
INT 410Меѓународен транспорт и логистикаСедми / Зимски607.5
MKT 410Меѓународен маркетингСедми / Зимски427.5
ACC 440Државно сметководство и сметководство на непрофитни организацииСедми / Зимски427.5
MST 420Квантитативни методи во финансииСедми / Зимски427.5
MGT 480Кризен менаџментОсми / Летен427.5
ECN 410Државна регулација на бизнисотОсми / Летен427.5
ECN 450Применета економетријаОсми / Летен427.5
EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачиОсми / Летен427.5
EBU 450Е-бизнис дистрибутивни каналиОсми / Летен427.5
FIN 420Алтернативни инвестицииОсми / Летен427.5
FIN 450Избрани теми од финансииОсми / Летен427.5
MKT 420Креативност и маркетинг на содржинаОсми / Летен427.5
MKT 440Маркетинг преку социјални медиумиОсми / Летен427.5
ACC 420Анализа на финансиски извештаиОсми / Летен427.5
ACC 430Интерна ревизијаОсми / Летен427.5
MST 430Финансиска и актуарска математикаОсми / Летен427.5
INT 420Меѓународно трговско правоОсми / Летен427.5

ЛИНК до Менаџмент – студиска програма 2017/2018