Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на бизнис процеси |
Код | EBU 340 |
Професор | Проф.д-р Марина Мијоска Белшоска |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите треба да бидат способни:
- да ја разберат појмовната определеност, значењето и основните принципи на дигиталната трансофрмација и менаџментот на бизнис процеси во иновативни организации кои базираат на технологии, податоци, иновации и знаење;
- да ја разберат стратегиската, тактичката и оперативната улога на бизнис процесите во организациите за создавање вредност и за подобрување на организациските перформанси во глобално, дигитално окружување;
- да го разберат концептот на процесен пристап во организациите и БПМ како организациска способност;
- да ги разберат и применуваат основните методи и техники на идентификување, моделирање, квантитативна и квалитативна анализа на бизнис процесите, како и различните методологии за редизајн на бизнис процесите;
- да ги искористат потенцијалите на процесно-базираните информациски системи за дигитализација на бизнис процесите и целокупниот синџир/и на вредност во организациите, со посебен осврт на БПМС;
- да ја разберат суштината и комплексноста на дигиталната трансформација и да бидат подготвени да се вклучат во реални проекти на дигитална трансформација во организациите водени од потребата за (дигитално) иновирање на бизнис процесите;
- да ги применуваат стекнатите знаења и вештини.
Содржина на предметната програма:
- Вовед во менаџмент на бизнис процеси (Бизнис процесен менаџмент – БПМ);
- Процесен пристап и процесно ориентирана организација;
- Бизнис процеси – поим, дефиниција, класификација, елементи, релации;
- Фази на животен циклус на БПМ;
- Стеикхолдери во животниот циклус на БПМ;
- Идентификување на бизнис процесите;
- Процесна архитектура;
- Референтни модели;
- Процесно портфолио и процесна селекција;
- Основи на моделирањето на бизнис процесите;
- Моделирање на бизнис процеси со BPMN, Утврдување на квалитет на процесните модели;
- Дефинирање и докуменирање на бизнис процесите;
- Улогата и профилот на процесниот аналитичар;
- Методи на откривање на бизнис процесите;
- Квалитативна и квантитативна анализа на бизнис процесите;
- Дефинирање на мерки на перформанси на бизнис процесите;
- Редизајн на бизнис процесите;
- Мотиви за редизајн;
- Методологии за редизајн;
- Автоматизација на бизнис процесите;
- Процесно-базирани информациски системи;
- Архитектура и имплементација на БПМ системи;
- БПМ како организациска способност.