Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на ризик |
Код | MGT 380 |
Професор | Проф. д-р Александар Наумоски |
Предуслови за запишување на предметот | Нема |
Цели на предметната програма (компетенции):
По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:
- идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен, климатски);
- добро да ја разбираат индивидуалтната и колективната аврзија на ризик, факторите и импликациите;
- да дизајнираат процес на управување на ризици;
- да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот на ризици;
- да го разберат значењето кое менаџментот на ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери
- да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок принос за нивото на превземениот ризик;
- да вршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сценарио анализа, стрес тест итн.) ;
- да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (фјучерси, форварди, опции и свопови);
- да го разберат климатскиот ризик и неговите импликации врз деловното работење.
Содржина на предметната програма:
- Концептот на ризикот
- Толеранција на ризик и премија за ризик
- Диверзификација на ризици
- Менаџмент на ризик
- Стандарди за управување на ризик
- Корпоративното управување и управувањето на ризикот
- Организација на фунција за менаџмент на ризици во претпријатието
- Управување на пазарниот ризик
- Управување на кредитниот ризик
- Управување на оперативниот ризик
- Специфичности на управување на ризиците во финансиските институции
- Примена на деривативните инструменти во управувањето на ризиците
- Упраување со климатскиот ризик