Менаџмент – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист на департманот по менаџмент се оспособува за примена на техники за управување со луѓето и процесите, планирање, деловно комуницирање, управување со финансиите и анализа на инвестициските проекти и сл.

Преку наставата, вежбите, проектните задачи, од понудената литература и софтверот наменет за поддршка на наставата, студентите на оваа програма ќе се стекнат со следниве специфични компетенции:

  • Способност за формулирање на цели, мисија и плански активности на претпријатието во современи услови на стопанисување, спроведување на стратегиска анализа, селекција на вистинската стратегија и надминување на проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија;
  • Способност за примена на техниките на квантитативната анализа и истражувања во селекцијата на оптималните бизнис-решенија на полето на производството, финансиите, започнувањето нови бизниси и др.;
  • Способност за примена на напредни методи за планирање на потребниот број и структура на вработените, анализа и обликување на работата и работните места, придобивање, селекција, воведување, обука и оценување на успешноста на вработените;
  • Способност за ефективно преговарање со цел склучување деловни договори.

Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции. Позициите за кои тие ќе бидат оспособени вклучуваат:

  • Извршни и оперативни менаџери на различни нивоа во компаниите;
  • Стратегиски аналитичари и планери задолжени за изработка на инвестицискии студии, стратегиски, бизнис и тековни планови;
  • Менаџери и вработени во меѓународните деловни функции на претпријатијата;
  • Менаџери и вработени во одделите за човечки ресурси;
  • Менаџери и вработени кои ги дизајнираат организациските делови и култура и ги имплементираат организациските промени во претпријатијата;
  • Менаџери и вработени задолжени за дизајнирање на менаџмент информационите системи во претпријатијата;
  • Претприемачи и сопственици на мали бизниси;
  • Директори, раководители или службеници во државни институции, државни агенции, општините и други јавни институции.

ШифраНазив на наставниот предметСеместарЧасовиECTS
ECN 110Основи на економијатаПрв / Зимски6+08
MST 110Математика за економистиПрв / Зимски4+28
ACC 110Основи на сметководствоПрв / Зимски4+28
MGT 120Деловна етикаПрв / Зимски6+08
MST 120Статистика за бизнис и економијаВтор / Летен4+28
MGT 210Основи на менаџментВтор / Зимски6+08
MKT 210Основи на маркетингВтор / Зимски4+28
MGT 240Менаџмент на човечки ресурсиВтор / Зимски6+08
MGT 230Менаџмент на мал бизнисВтор / Летен6+08
MGT 310Стратегиски менаџментТрет / Зимски6+08
MGT 320Менаџмент информациони системиТрет / Зимски6+08
MGT 390Финансиски менаџментТрет / Зимски6+08
MGT 395Операциони истражувањаТрет / Зимски6+08
MGT 330Деловно планирањеТрет / Летен6+08
MGT 340Инвестиционен менаџментТрет / Летен6+08
MGT 420Оперативен менаџментЧетврти / Зимски6+08
MGT 440Менаџмент на промениЧетврти / Летен4+28
ACC 220Управувачко сметководство IЧетврти / Летен6+08
MGT 430Деловно комуницирањеЧетврти / Летен4+28
DIPLДипломска работаЧетврти / Летен3

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

  • Аграрна политика
  • Аналитика на бизнис податоци
  • Банкарски менаџмент
  • Деловна етика
  • Демографија
  • Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
  • Европски економски интеграции
  • Економетрија
  • Економија на инвестициите
  • Економија на јавниот сектор
  • Економика на Македонија
  • Економски раст и развој
  • Индустриска политика
  • Интегрирани маркетинг комуникации
  • Jавни финансии
  • Квантитативни методи во финансии
  • Корпоративно финансиско известување
  • Лични финансии
  • Макроекономија
  • Маркетинг истражување
  • Маркетинг менаџмент
  • Меѓународен маркетинг
  • Меѓународни организации и интеграции
  • Меѓународни трговски трансакции
  • Меѓународни финансии
  • Менаџмент на информациони системи
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Методи на макроекономската анализа
  • Микроекономија
  • Монетарна и фискална политика во ЕУ
  • Надворешна трговија
  • Национални сметки
  • Однесување на потрошувачите
  • Оперативен менаџмент
  • Операциони истражувања
  • Сметководствени информациони системи
  • Статистичка контрола на квалитет
  • Стратегиски менаџмент
  • Теорија на организација
  • Управување со производот
  • Финансиско сметководство

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

  • Анализа на временски серии
  • Анализа на финансиски извештаии
  • Банкарство
  • Вовед во економија на животната средина
  • Глобалната економија и економските системи
  • Деловно комуницирање
  • Деловно планирање
  • Директен маркетинг
  • Државна регулација на бизнисот
  • Е-бизнис иновации
  • Единствен пазар на ЕУ
  • Економија на иновации
  • Економија на трудот
  • Економија на социјална држава
  • Економска статистика
  • Инвестиционен менаџмент
  • Интерна ревизија
  • Локални финансии
  • Маркетинг на услуги
  • Маркетинг преку социјални медиуми
  • Меѓународен менаџмент
  • Меѓународна економија
  • Меѓународно сметководство
  • Менаџмент во осигурување
  • Менаџмент на мал бизнис
  • Менаџмент на набавки
  • Менаџмент на перформанси
  • Менаџмент на промени
  • Менаџмент на ризик
  • Менаџмент на финансиски институции
  • Монетарна економија
  • Мултилатерален трговски систем
  • Мултилатерална трговска регулатива
  • Односи со јавноста
  • Организациско однесување
  • Основи на бизнис аналитика
  • Политика на цени
  • Претприемништво
  • Проект менаџмент
  • Развој на економската мисла
  • Регионална и урбана економија
  • Ревизија
  • Сметководствени контролни системи
  • Теории на надворешната трговија
  • Теорија на одлучување
  • Управување со маркетинг каналите
  • Управување со системите
  • Управувачко сметководство I
  • Управувачко сметководство II
  • Финансиска економетрија
  • Финансиска и актуарска математика
  • Финансиски пазари и институции
  • Хартии од вредност и портфолио менаџмент

ЛИНК до  Менаџмент и претприемништво – студиска програма 2022/2023