Наслов на наставниот предмет | Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање |
Код | EDIF 540 |
Професор | проф. д-р Владимир Филиповски |
Предуслови за запишување на предметот | Завршен прв циклус на студии со најмалку 240 кредити |
Цели на предметната програма (компетенции):
Целта на програмата е да ги оспособи студентите да го разберат функционирањето на меѓународните пазари на капитал и нивната улога во финансирањето на економскиот раст и развој на економиите во подем. По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
- Да ги идентификуваат и следат главните финансиски текови на меѓународниот пазар на капитал (заеми, обврзници, акции и нивните подвидови).
- Да ги проценат идните можности на македонските фирми да ги користат услугите на меѓународниот пазар на капитал и како емитенти и како инвеститори во финансиски инструменти.
- Да ја анализираат политиката на девизниот курс која во иднина би можела да ја води македонската влада.
- Да ги оценуваат можностите за интеграција на македонскиот пазар на капитал (македонската берза) во меѓународниот пазар на капитал.
Содржина на предметната програма:
- Институционална структура на меѓународните пазари на пари и капитал
- Основи на меѓународните финансиски инвестиции
- Девизниот ризик, ефикасноста на девизните пазари и меѓународните финансиски инвестиции
- Меѓународно банкарство и структурните промени во клучните национални банкарски системи
- Еврообврзници: пазар на меѓународни обврзници
- Глобални депозитарски потврди: пазар на меѓународни акции
- Транзиционите економии и меѓународните пазари на капитал
- Република Македонија и меѓународните пазари на капитал: 1. странски портфолио инвестиции и 2. можности за меѓународна интеграција на македонската берза
Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање – предметна програма 2022/23