Микроекономија

Наслов на наставниот предметМикроекономија
КодECN 220
ПрофесорПроф. д-р Даниела Бојаџиева
Предуслови за запишување на предметотНема

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Да владеат со неопходната микроекономска терминологија;
  • Да ги користат теоријата за понудата и побарувачката со цел да ги анализираат и објаснат ефектите кои ги предизвикуваат промените во понудата и побарувачката врз цените и понудените количини на стоки и услуги;
  • Да го разберат однесувањето на потрошувачите и нивниот оптимум во извесни услови и во услови на ризик;
  • Да го разберат однесувањето на фирмите во совршено конкурентни услови на краток и на долг рок;
  • Да го анализираат однесувањето на фирмите во услови на монопол или олигопол и да ги утврдат промените во потрошувачкиот и производителскиот вишок;
  • Да ги разберат домените на пазарниот неуспех и потребата од активни политики за решавање на негативните последици од пазарната несовршеност;
  • Да направат дијагностицирање на реалните пазарни случувања и тенденциите на тие случувања;
  • Да ги анализираат ефектите од превземените мерки на економската политика

Содржина на предметната програма: Наставата од овој предмет е замислена како логично продолжување на микроекономските знаења, стекнати од предметот Основи на економијата, а преку збогатување на веќе совладаниот категоријален пристап со аналитичките и временските аспекти на микроекономската проблематика. Со оглед на ваквата замисла предметот се експонира како Микроекономија – второ ниво. Во него се проучуваат:

  1. Принципи на микроекономската анализа
  2. Анализа на понудата и побарувачката
  3. Преференции на потршоувач и концептот на корисност
  4. Избор на потрошувач во извесни услови и во услови на ризик
  5. Пазар на инпути и производствена функција
  6. Трошоци на производство
  7. Пазарни структури и конкуренција (Совршена конкуренција, Монопол и монопсон; Монополиситчка конкуренција и Олигопол) 184 Наставна програма 2022-2023
  8. Теорија на игри и стратегиското однесување на фирмите
  9. Општа рамнотежа и економска ефикасност
  10. Домени на пазарен неуспех и улогата на државата
  11. Државната интервенција во доменот на релативните цени (микрополитиката на цени)

Микроекономија – предметна програма 2022/23